Кога за прв пат во нашата земја се соочивме со КОВИД 19, една од најризичната а воедни и најисплашената категорија на граѓани беа пациентите заболени со малигни заболувања. Да имаш дијагноза рак, сама по себе носи еден куп неизвесности и предизвици, но во тој момент борбата со оваа животозагрозувачка дијагноза беше уште потешка.

Обезбедување на навремена и релевантна информација во врска со нивата болест, дали ќе им биде достапна терапијата, дали ќе треба да ја одложат терапиајата, дали ќе стигнат на време во болницата со оглед на полициските часови и карантинот во одредени општини, дали да се одложат контролните прегледи за следење на болеста и сите дијагностички процедури, дали ново -дијагностицираните пациенти ќе можат да се спроведат на хируршките клиники, беа само неколку од причините поради кои стравуваа овие пациенти и нивните семејства.

Огромен беше предизвикот и за сите ние кои се бавиме со оваа тема во здравството, да ја прифатиме новонастанатата ситуација и да се обидеме да функционираме во ново создадените услови.

Во последниве четири месеци увидовме дека се потребни некои активности со кои би се олеснило функционирањето на овие пациенти, би се заштитила нивната состојба од дополнителни компликации со КОВИД 19, но воедно би помогнале директно борбата против ракот да продолжи.