Менаџмент на пациенти со Хочкин лимфом во ограничен стадиум на болеста

  • Спроведување на системски третман на Хочикин лимфом:
  • Се препорачува помалку миелосупресивна терапија;
  • Кога третманот не е закажан, се препорачува телефонска консултација со цел да се намалат посетите на клиники;
  • Да се размисли за употреба на гранулоцит стимулирачки фактор (неупоген) со цел да се намали ризикот за појава на неутропенија (намален број на бели крвни клетки од гранулоцитна лоза);
  • Да се спроведе радиотерапија;
  • При клиничко испитување, да се продолжи со третманот.

Менаџмент на пациенти со Хочкин лимфом во напреден стадиум на болеста

  • Спроведување на системски третман на Хочикин лимфом:
  • Се препорачува помалку миелосупресивна терапија;
  • Кога третманот не е закажан, се препорачува телефонска консултација со цел да се намалат посетите на клиники;
  • По направениот ПЕТ – скен, Вашиот лекар може да препорача изоставување на блеомицин и употреба на гранулоцит стимулирачки фактор (неупоген);
  • При клиничко испитување, да се продолжи со третманот.

Менаџмент на пациенти со релапсирачки Хочкин лимфом

Пациенти со висок приоритет

  • Предвидено е да примите висока доза на хемотерапија и поддршка со автологни (сродни) матички клетки.

Пациенти со среден приоритет

  • Да се продолжи со палијативна радиотерапија;
  • По третманот да се продолжи со brentuximab vedotin;
  • Да се продолжи со палијативната системска терапија.