Во време на пандемија со Covid-19 вирусот, пациентите со малигнитет се најранлива и најисплашена категорија. Достапноста на информациите во врска со вирусот и како може да влијае на пациентите заболени со малигнитет е исклучително важно. Препораките од здравствените власти треба да се почитуваат со цел да се избегне инфекција со коронавирусот.

Амбулантски прегледи

Пациенти кои се со висок приоритет:

  • Пост-оперативно клинички нестабилни пациенти (пр. Крварење или инфекција).
  • Дијагноза на рак на дојка за време на бременост.

Пациенти кои се со средно висок приоритет:

  • Ново дијагностициран инвазивен карцином на дојка.
  • Пациенти на третман кои пројавуваат симптоми на несакани ефекти од терапијата. Се препорачува прегледите да бидат со телефонски или видео повик.

Пациенти кои се со среден приоритет:

  • Ново дијагностицирани неинвазивни карциноми. Се препорачува повеќето прегледи да бидат по телефонска линија.
  • Пост-оперативни прегледи кај пациенти кои немаат компликации.

Пациенти кои се со низок приоритет:

  • Пациенти кои немаат нови тегоби.
  • Следење на пациентите кои завршиле со третманот за карцином.
  • Следење за пациенти со висок ризик за карцином на дојка (носители BRCA) или пациенти со висок ризик за повторна појава (релапс).
  • Пациенти за психолошка поддршка.

Приоритети за карцином на дојка: Дијагностчки и радиолошки техники

Пациенти кои се со висок приоритет:

  • Само-дијагностицирање на грутка на дојката или појава на други симптоми кои сугерираат малигнитет.
  • При појава на локален релапс на болеста, кога е индицирано да се направи хируршки радикален пристап.
  • Кога е потребно да се направи хистопатолошка или цитопатолошка анализа заради појава на патолошка мамографија или пак симптоми за метастатски релапс.
  • Кога на скрининг мамографијата се потврдува BIRADS 5 кај асимптоматски лица, се препорачуваат понатамошни радиолошки испитувања.

Пациенти кои се со среден приоритет:

  • Кога на скрининг мамографијата се потврдува BIRADS 4 кај асимптоматски лица, се препорачуваат понатамошни радиолошки испитувања.
  • Радиолошки или клинички водена биопсија за да се утврди сомнението за метастатски релапс.
  • Ехокардиографија кај пациенти во ран стадиум на инвазивен карцином на дојка кај кои е потребна анти-HER2 и антрациклин базирана терапија.

Пациенти кои се со низок приоритет:

  • Скрининг на популацијата со мамографија и одредување на ризикот за асимптоматски лица.
  • Лица со промени на скрининг мамографијата кај кои е потребно повторување на радиолошките техники за 6 месеци (BIRADS 3).
  • Кај пациенти во ран стадиум на карцином на дојка, при радиолошко следење, повторно одредување на стадиумот на болеста, ехокардиографија, ЕКГ и скен на коски, може да се одложат доколку пациентите немаат симптоми.
  • Кај пациенти со метастатски карцином на дојка се препорачува следење во зависност од симптомите. Радиолошките техники за следење, повторно одредување на стадиумот на блеста, ехокардиографија и ЕКГ може да бидат одложени или направени на подолг временски интервал.

Оперативен зафат

Пациенти кои се со висок приоритет:

  • Пациенти кои се со пост-оперативни компликации како крварење, апцес или појава на хематом.
  • Пациенти кои се со компликации при реконструктивна операција (пр. исхемија).
  • Пациентите кои ја комплетирале неоадјувантната терапија.
  • Оперативен зафат кај пациенти со инвазивен карцином кога онколошки конзилиум одлучува дека е неопходно да се изведе операцијата.
  • Оперативна интервенција на карцином на дојка кај бремени жени.

Пациенти кои се со средно висок приоритет:

  • Оперативно отстранување на повторна појава на туморот.

Пациенти кои се со среден приоритет:

  • Неусогласени резултати од биопсија кои укажуваат на малигнитет.

Пациенти кои се со низок приоритет:

  • Оперативно отстранување на бенигни тумори.
  • Хируршки зафат на неинвазивен карцином на дојка (in situ).
  • Неусогласени резултати од биопсија кои укажуваат на бенигна болест.
  • Реконструкција на дојки или вметнување импланти.

Зрачење

Пациенти кои се со висок приоритет:

  • Пациентите кои имаат крваречки, болни и неоперабилни маси на дојката мора да бидат подложени на зрачење.
  • Пациенти кои веќе примаат зрачна терапија.
  • При компресија на рбетниот мозок или метастази во мозкот потребно е спроведување на зрачната терапија.
  • Адјувантна пост-оперативна радиотерапија кај пациенти со висок ризик на карцином на дојка.

Пациенти кои се со среден приоритет:

  • Адјувантна пост-оперативна радиотерапија за пациенти со низок или среден ризик на карцином на дојка.

Пациенти кои се со низок приоритет:

  • Возрасни пациенти со низок ризик за карцином на дојка.
  • Пациенти со карцинома in situ.