Здружението БОРКА – за секој нов  ден  и во услови на  COVID – 19  продолжува  да им  помага на  заболените  од  канцер  со  бесплатно  позајмување  перики.

Работното време е од понеделник до петок од 10 до 14 часот.

Постапката за  земање  перика  е  следна:

  1. Терминот за посета во просториите на Борка се закажува најмалку еден ден претходно на телефонските броеви 075 228 899 и 076 339 279. Во зависност од слободните термини, нашите координаторки ќе ви предложат ден и време за посета.
  2. При телефонското закажување на посетата би било добро да посочите каков модел на перика би сакале, за да можат координаторките да се подготват за Вас.
  3. Ве молиме бидете точни и почитувајте го закажаното време.
  4. Во просториите на БОРКА треба да влезете сами, без придружба (лицето кое евентуално ќе Ве придружува ќе треба да Ве причека надвор).
  5. Носењето маска е задолжително за целото време на престојот во просториите на Борка.
  6. Веднаш по влегувањето во просториите на Борка ќе Ви биде измерена тепература, ќе ги измиете рацете со сапун а потоа ќе го употребите гелот за дезинфекција.
  7. Косата треба задолжително да ви биде целосно одстранета (избричена) .
  8. Потребно е со себе да имате фотокопија од:
  • Лична карта
  • Извештај на специјалистот-субспецијалистот (онколог)
  • Хистопатолошки наод
  1. Ќе треба  да пополните Прашалник со основни податоци за Вас и Вашата болест и да потпишете Изјава дека сте запознаени со Правилникот за начинот на користењето на периките пропишани од страна на Здружението и дека се обврзувате да ја вратите периката (чиста и неоштетена) по престанокот на потребата од неа.
  2. Пробувањето и целата средба со Вас ќе се одвива во посебно издвоена просторија во Здружението.