Пандемијата на коронавирус е ситуација која брзо се развива, а медицинската заедница продолжува да учи повеќе за вирусот и за тоа како се шири. Секојдневно ги следиме препораките на ЦДЦ и истите ги прилагодуваме по потреба.

Секој, вклучително и пациенти заболени од карцином, треба да ги практикуваат базичните превенции за контрола со цел да се минимизира ризикот од добивање или ширење на коронавирусот.

Центрите за контрола и превенција на болести идентификуваат одредени популации на пациенти со поголем ризик од сериозни заболувања со Covid-19. Ова вклучува возрасни постари од 60 години и луѓе во активен третман на малигнитет.

Упатство за превенција:

  • Да се мијат редовно рацете со сапун минимум 20 секунди или да се поминат со средство за дезинфекција на база на алкохол, особено откако сте биле на јавно место!

Особено е важно да се мие:

  • Пред јадење или подготвување храна;
  • Пред да го допрете лицето;
  • По користењето на тоалетот;
  • По напуштањето на јавно место;
  • По дување на носот, кашлање или кивање;
  • По ракувањето со вашата крпа за покривање на лицето;
  • По промена на пелена;
  • По грижата за некој болен;
  • По допирање на животни или домашни миленици.

Избегнувајте близок контакт!

  • Внатре во вашиот дом: Избегнувајте близок контакт со лица кои се болни. Ако е можно, одржувајте 2-3 метри дистанца помеѓу заболеното лице и другите членови на домаќинството.
  • Надвор од вашиот дом: Поставете 6 метри оддалеченост меѓу себе и лицата кои не живеат во вашето домаќинство.
  • Запомнете дека некои луѓе без симптоми може да можат да шират вирус.
  • Покријте ја устата и носот со маска за лице, шал или марама кога излегувате надвор!
  • Може да го ширите СОВИД-19 на други дури и ако не се чувствувате болни.
  • Навлаката на лицето е ткаенината наменета за заштита на други лица во случај да сте заразени или во случај тие да се заразени.
  • Сите треба да носат маска за лице или било каква ткаенина која ќе го покрива носот и устата околу лица кои не се во вашето домаќинство, особено кога е тешко да се одржуваат други мерки на претпазливост.
  • Продолжете да оджувате социјална дистанца и покрај носењето на маска или ткаенина. Навлаката на лицето не е замена за социјално дистанцирање!
  • Покривајте го носот и устата при кашлање или кивање!
  • Секогаш покривајте ја устата и носот кога кашлате или кивате со марамче или користите ја внатрешноста на лактот.
  • Фрлете ги искористените марамчиња во ѓубре.
  • Веднаш измијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди. Ако сапун и вода не се лесно достапни, исчистете ги рацете со распрскувач за раце што содржи најмалку 60% алкохол.
  • Редовно чистете ги површините во и вон домаќинството и дезинфицирајте!
  • Чистете ги и дезинфицирајте ги допрените поршини. Тука спаѓаат маси, кваки, прекинувачи за светло, рачки, работни маси, телефони, тастатури, тоалети и мијалници.
  • Ако површините се валкани, исчистете ги. Користете детергент или сапун и вода пред дезинфекција.
  • Користете средство за дезинфекција за домаќинство.
  • Следете го вашето здравје секојдневно!
  • Бидете будни за симптомите. Внимавајте на треска, кашлица, останување без здив или други симптоми на Covid-19.
  • Особено е важно да посветите внимание на вашето работно место или при самото излегување од домаќинството кога не сте во можност да одржувате социјална дистанца.
  • Мерета температура доколку се развијат симптоми.
  • Не мерете температура минимум половина час откако ќе извежбате или откако ќе земете лекарства кои можат да ја намалат вашата телесна температура како на пример ацетаминофен.