Зошто хемотерапијата предизвикува губење на косата?

  • На голем дел од пациентите кои примаат хемотерапија им опаѓа косата. Лековите за хемотерапија ги уништуваат и брзорастечките клетки во телото бидејќи не можат да ја препознаат разликата помеѓу клетките на ракот и другите клетки кои нормално растат брзо и се обновуваат. Таков тип на клетки се фоликулите на косата. Како резултат на тоа пациените кои примаат хемотерапија ги губат влакната низ целото тело.
  • Дали ќе се појави губење на косата зависи од видот и дозата на хемотерапевтикот. Прашајте го вашиот лекар како вашиот третман со хемотерапија ќе се одрази на со губење на косата, за да можете да бидете подготвени.
  • Губењето на косата од хемотерапијата обично започнува од 7от до 21от ден по започнувањето на терапијата. Многу е важно дека косата повторно почнува да расте по завршувањето на третманот. Некои луѓе почнуваат да ја губат косата за време на третманот. Времето потребно за повторно растење на косата може да варира од 3-12 месеци. Понекогаш новата коса ќе има различна текстура (виткана а претходно права…) или боја.

Справување со губење на косата од хемотерапија
Иако губењето на косата од хемотерапијата не може да се спречи, сепак постојат механизми кои помагаат пациентите полесно да се справат со новонастанатата ситуација:

  • Размислете за скратување (шишање) на вашата коса или комплтено шишање на истата, кога ќе започне да паѓа
  • Користете благи шампони и меки четки за коса
  • Избегнувајте сушење со фенови, пегли за коса и други топли апарати
  • Заштитете ја главата од сонцето со капи, шапки  или крем за сончање
  • Бидете креативни! Користете шарени марами, турбани или капи. Бидете сигурни само да не се премногу тесни или иритирачки за вашата глава.
  • Периките се опција, иако добрите и квалитетни перики може да бидат скапи. Проверете во здруженијата на пациенти  каде постојат и донации на истите.(линк до здружение)

ЛИЧНА ПРИКАЗНА – КАКО ДА ПОСТАПИТЕ СО ВАШ ПРИЈАТЕЛ/КА КОЈ/А ЈА ЗАГУБИЛ/А КОСАТА
Кога некој Ваш пријател/ка се лекува со хемотерапија, веројатно ќе минете низ многу специфични ситуации со кои се соочува пациентот. Едно такво искуство е и губење на косата од хемотерапија.

Очекувано е дека пријателите сакаат да им помогнат и да им бидат подршка на пријателите кои ја губат косата. Еве неколку совети како да помогнете најдобро :

1. Разбирање и сочувство со неговата или нејзината тага.
Сведоштво: “Кога започна да ми опаѓа косата, на полвина од лекувањето со хемотерапијата , на некој начин  бев  загрижена што ќе бидам без коса . Но, тагата што ја почувствував беше уште поинтензивна. Се борев со мојата тага.  Загубата на косата беше реална и болна. Ми требаа пријатели да ме разберат и да ми ја признаат загубата и емоциите што ме прогонуваа. “

Можете да го/ ја поддржите вашиот/ата пријател/ка со сочувство за неговата/нејзината тага, признавајќи ја неговата/нејзината загуба и допуштајќи  да знаат дека е во ред  да тагуваат.

2. Подгответе се да одговорите со поддршка кога ќе го/ја видите вашиот/ата пријател/ка
Пред губење на косата, Вашиот/ата пријател/ка можеби нема да ви изгледа болен/на. 

Но, искуството говори дека е навистина вознемирувачко кога прв пат ќе видите некој кој ја загубил косата. Тоа е емотивен удар  за вас и природно е да се чувствувате вознемирено поради Вашиот/ата пријателка. И тој/таа исто така може да се чувствува непријатно  и да се прашува како ќе реагирате.

Во текот на оваа прва средба, обидете се да одговарате на емоциите на Вашиот/ата пријател/ка. Ако плаче, плачете со него/а. Ако  е оптимист и сака да делува нормално,  насмевнете се и следете го нејзиното/неговото водство.

Ако сте загубиле некој што се борел со малигна болест, гледајќи го губењето на косата од Вашиот/ата пријател/ка, можат да бидат предизвикани и вашите болни сеќавања. Важно е да се подготвите емотивно, така што кога ќе го/ја видите вашиот/ата пријател/ка  да бидете подготвени да одговорите со поддршка и охрабрување. Покажете ја вашата подршка со зборови и постапки, од кои ќе почуствува дека сте со со него/неа во борбата, без оглед на се.

3. Не велите никогаш : “Ќе порасне пак!”
Овие зборови треба да бидат охрабрувачки, но тоа може да се почувствува и како да го минимизирате тоа низ што пациентот минува.  Вистина е, кога Вашиот/ата пријател/ка ќе заврши со хемотерапија , неговата/нејзината коса ќе пoрaсне повторно. Сепак, може да поминат неколку години додека  косата се врати на должината од пред терапијата. 

Кога неговата/нејзината коса расте, може да се промени и квалитетот на косата, кадравата коса може да прерасне во права, а правата коса може да се врати како кадрава. Треба да се биде подготвен/а дека се потребни години за повторно косата да порасне од врвот на главата  до рамената.

Значи, вистина е дека неговата/нејзината коса ќе прасне пак, но тој/таа ќе живее со овој видлив потсетник за својата болест подолго време. Вие треба да му/и ја признаете болката поради таа реалност.

Вашата поддршка прави разлика
Се надеваме дека овие редови ќе Ви помонат како да го поддржите Вашиот пријател/ка кога ќе почне да ја губи косата. Поставувајте прашања и дознајте како се чувствува вашиот пријател/ка поради оваа промена.  Без разлика дали тој/таа покажува шарена перика или плаче додека ја бричи главата, вашиот пријател/ка ќе има корист од Вашето сочувство и грижа.

Борка обезбедува перики за сите нејзини членови. За сите други прашања здружението Борка ви стои на располагање на бесплатната СОС линија – 075 22 88 99