Определени лекови што се користат во протоколите за лекување на миелом ( како талидомидот (најчесто користено комерцијално име Myrin) , бортезомиб ( најчесто користено комерцијално име Velcade )  ја потенцираат периферната невропатија.

Периферна невропатија и хемотерапијата
Одредени третмани со хемотерапија може да предизвикаат оштетување на периферниот нервен систем кој е составен од сите нерви надвор од мозокот и ‘рбетниот мозок. 

Состојбата се нарекува периферна невропатија и таа вообичаено предизвикува трпнење, жежење, слабост или вкочанетост во рацете и /или нозете. Симптомите зависат од видот и локациите на оштетените нерви. 

Други симптоми на периферна невропатија се:

  • болка или жежење, особено во прстите на рацете или нозете
  • губење на рамнотежата, тешкотии при одењето или чести падови
  • несмасност
  • потешкотии со подигање на предмети или закопчување на облеката
  • болка на лицето/ вилицата
  • губење на слухот
  • губење на чувствителноста на топло и ладно
  • болки во стомакот
  • губење на рамнотежата
  • проблеми со одењето
  • запек

Ако имате еден или повеќе од овие симптоми, веднаш треба да го обавестите вашиот лекар.  Некои лекови може да ја ублажат периферната невропатија, а физикалната терапија може да ви помогне да ја сочувате функцијата.

Што предизвикува периферна невропатија кај пациенти на хемотерапија?
Повеќе фактори можат да предизвикаат периферна невропатија. Таа може да се јави од примена наразлични лекови од групата на винка алкалоиди, платински соединенија, таксани и инхибитори 

Што можат пациентите да направат за да ги ублажат симтомите периферната невропатија?
Ако Вашата невропатија е поврзана со хемотерапија, Вашиот онколог може да одлучи дали е корисно да се намали дозата на хемотерапијата или да се префрли на друг режим на терапија.

Ако е поврзано со дијабетес, често може да го забавите прогресијата на периферната невропатија со подобра контрола на шеќерот во крвта.

Покрај тоа, физичката активност може да помогне со одржување на протокот на крв во погодените области. На некои пациенти им помага и акупунктура.

Понекогаш лековите од групата на антиепилептици, кои се земаат само со рецепт, како карбамазепин и лирика може да помогнат. Третманите со лекови без рецепт  – како ацетил-1-карнитин, алфа-липоева киселина, глутамин, калциум и магнезиум – исто така може да помогнат. 

Задолжително зборувајте со вашиот лекар  пред да се обидете со некој од овие лекови.

Како пациентите со малигна болест можат да го  спречат развојот на периферна невропатија?
Ако имате други здравствени проблеми, како што е дијабетес, што може да ја влоши невропатијата, треба истите правилно да ги контролирате. Ограничете ја употребата на алкохол. Хранете се со внимателно избалансирана исхрана. И се разбира, задолжително  разговарајте со вашиот лекар за   ризикот од развој на невропатија.

Колку долго траат симптомите на периферната невропатија?
Секој случај е приказна за себе. Бидејќи невропатијата е предизвикана од оштетување на нервите, времетраењето во  голема мера зависи од тоа колку добро вашите нерви се опоравуваат. Тоа пак зависи од должината на вашиот третман, степенот на оштетувањето и, во случај на невропатија индуцирана од хемотерапија,  примената доза од лекот.

Најчесто периферната невропатија се ублажува до одреден степен , но кај голем број пациенти никогаш сосем не исчезнува.

Луѓето со периферна невропатија ја губат способноста да чувствуваат болка или екстремни температури во областите зафатени со неа.

Што треба да избегнуваат пациентите со малигна болест и со периферна невропатија за да не се изгорат или да се повредат?

  • Секогаш носете чевли за да ги заштитите нозете од повреда.  Исто така, задолжително прегледувајте ги нозете секој ден за да забележите евентуална појава на рани 
  • Бидете внимателни кога користите остар прибор или целосно избегнувајте го. Исто така, бидејќи невропатијата обично ги нарушува вашите фини движења, бидете внимателни или избегнувајтеда се служите со машини или да управувате автомобил.
  • Пред да ја допрете водата со рацете или нозете, почувствувајте ја водата со дел од вашето тело – како што е долната страна на подлактицата – за да почувствува колку е топло. Исто така избегнувајте користење на електрични перничиња или шишиња со топла вода за затоплување.

Луѓето со невропатија се повеќе склони кон паѓање, бидејќи тие потешко успеваат да ја почувствуваат земјата под нив, особено во темно или во затворен простор. Поради тоа:

  • користете ноќна светлина
  • држите средено околу креветот и не оставајте предмети на подот
  • користете  ги оградите или гелендерите при одење по скали 
  • за капење користете туш со подлога – против лизгање

Невропатијата, исто така, го прави телото повеќе склоно кон инфекција, бидејќи циркулацијата е намалена, а раните не се лекуваат. Поради тоа кожата треба да се негува да биде влажна (употребувајте кремови , бебешки масла ) за да се спречат напукнувањата и последователните инфекции.

Сепак, најважното нешто што можете да направите е да разговарате со вашиот лекар  веднаш штом ќе почувствувате симптоми на невропатија.