Борбата со малигната болест преставува еден од најтешките предизвици со кои секој пациент и неговото семејство треба да се соочат во животот.

Тоа е секојдневна 24 часовна посветеност, која го исцрпува и умот и телото.

Хематолошката  малигна болест  може да го погоди пациентот на повеќе начини – самата болест, агресивните третмани кои се користат за борба против неа и несаканите ефекти од тие третманиte.  Справувањето со несаканите телесни ефекти е пропратено со нарушување и на емотивна состојба на самиот пациент. 

Во прилог следи текст кој има за цел да помогне да бидат полесно  разбрани несаканите телесни и емотивни ефекти поврзани со малигната болест и да го насочи пациентот како да го ублажи стресот и полесно да ја преброди целата ситуација.

Промени во апетитот
Не е невообичаено кај пациентите со малигна болест  апетитот да се намали до негово комплетно губење.  Причини за тоа се:

  • Третмани, како хирургија, хемотерапија и зрачење
  • Болка
  • Запек
  • Медицински состојби како што се треска, пневмонија или отежнато дишење
  • Несакани ефекти од одредени лекови
  • Тага или депресија
  • Анксиозност

Подолу се наведени некои мерки до кои пациентите треба да се придржуваат за полесно надминување на промените во однос на апетитот и тоа: 

  • Јадете мали, почести оброци.  Користете  аларм (будилник)  како  потсетување за јадење.
  • Јадете наутро – Тогаш сте природно гладни, значи оброк како прво нешто наутро.
  • Вежбајте со лесни вежби за да го стимулирате Вашиот апетит.
  • Чувајте ја храната блиску до вас. 
  • Пијте хранливи шејкови , протеински оброци или блендирани каши. 
  • Ограничете го внесот на  пржена и мрсна храна. Таа потешко  се вари .
  • Ако сеуште немате апетит, разговарајте со вашиот лекар. Може да ви биде препишан лек кој стимулира апетит.

Промена на вкусот и мирисот на храната 
На пациентите кои примаат хемотерапија може да им се смени вкусот и мирисот, што може да го отежне јадењето. 

Подолу се дадени неколку совети кои ќе им помогнат на пациентите да храната сепак им биде попривлечна:

  • Пијте многу течности. Користете овошје или билки за поубав вкус на водата. Пробајте да пиете и безкофеински билни чаеви или сокови од ѓумбир.
  • Грижете се за устата. Измијте ги забите и јазикот по секој оброк. Исплакнете ја устата пред јадење со раствор од ¼ лажичка сода бикарбона растворена во половина чаша вода 
  • Лимон или замрзнато свежо овошје (грозје, диња или портокал) може да помогне во чистење на непцето пред  јадење.
  • Користете и  гума за џвакање (без шеќер) , пеперминт или капки од лимон.
  • Ако имате метален вкус во устата, користете пластичен прибор за јадење и избегнувајте конзервирана храна, маринирани и готвени меса во слатки сокови, сосови, овошје, кисели преливи или вина.
  • Вклучете други извори на протеини во вашата исхрана, како што се риба, јајца, грав, ореви, млеко, сирење, јогурт, тофу, путер од кикирики и протеински прав.
  • Ако храната која се конзумира има повеќе солен или горчлив вкус, може да ви помогне ако додадете мед, агава, јаворов сируп или џем на храната.
  • Ако храната која се конзумира е со сладок вкус, додадете лимон, оцет или балсамико и зголемете ги солените или киселите вкусови.
  • Обидете се со зачини што вообичаено не ги јадете.
  • За да се намали мирисот на храната, јадете ладна храна или храна на собна температура. Пробајте и со супи. Избегнувајте да престојувате во соби во кои се готви храната.

Промени на телото 
Речиси секој пациент поминува низ период на грижи поради промените низ кои поминува неговото тело. Многу  значаjни се дополнителната поддршка и упатствата кои може да ви помогнат да се справите со овие проблеми.

Сликата за телото е повеќе од тоа како вие гледате на вашиот изглед. Таа се однесува и на начинот на кој гледате, мислите и чувствувате за сите аспекти на вашето тело и начинот на кој тоа функционира.

Сликата за вашето тело може да се смени со текот на времето и е под влијание на она што го доживувате во моментот. 

Иако може да има значајна разлика помеѓу тоа како гледате на вашето тело и како другите го доживуваат, вашите лични ставови и чувства за вашето тело се она што е важно.

Болеста и нејзиниот третман може да го сменат изгледот и начинот на кој функционира  телото на пациентот.

Најчесто пациентите се загрижени поради појава на:

  • Лузни / изобличување
  • Потечени екстремитети (лимфедема)
  • Дисколорација на кожата
  • Губење на косата
  • Губиток на забите
  • Сензорни промени (невропатија)
  • Болка
  • Замор
  • Инконтиненција на дебелото црево / мочниот меур
  • Сексуална дисфункција
  • Губење на тежината или добивка
  • Губење на мобилноста
  • Промени во говорот, голтањето, видот или слухот
  • Губење на раката или ногата
  • Користење на протеза

Како резултат на ваквите промени, пациентите може да страдаат од депресија, анксиозност, повлекување и социјална изолација. Многу пациенти, и машки и женски, не сакаат да зборуваат за вакви лични и приватни прашања, дури и со најблиските.