Пред третманот
Точниот третман што го препорачува вашиот лекар ќе зависи од резултатите од сите тестови кои биле извршени за време на дијагнозата и веднаш потоа. Разбирајќи го она што се случува со вас и што се е потребно, ќе ви помогне да се справите со тоа на почеток на третманот и како што тој продолжува. Пред да започнете со лекувањето, важно е да го прашате лекарот какви се опциите за третман, колку е веројатно да бидат ефективни и со какви несакани ефекти може да се соочите. Секој пациент реагира малку поинаку, па затоа е невозможно лекарите да ви кажат точно како вие ќе реагирате, но можно е да ви дадат општ индикатор. Тие исто така ќе можат да ви кажат што е веројатно да се случи, ако да одлучите да не примате некој одреден третман. 

За време на третманот
Бидете сигурни да му кажете на вашиот лекар или медицинска сестра ако имате нови симптоми или ако постојните симптоми се влошуваат, така што вашиот третман може да се менува или да се промени ако е потребно. Повеќето несакани ефекти на третманот се краткотрајни и може да се намалат со друг третман. Исто така е важно да дознаете од вашиот лекар за било кои случувања, што би значело дека треба да побарате медицинска помош за време на вашиот третман.

Додека вашиот активен третман е во тек, лесно може да се чувствувате дека состојбата во која се наоѓате тешко може да се надмине. Животот со миелом е многу повеќе предизвик отколку едноставно да ги трпиме симптомите и несаканите ефекти од третманот, бидејќи е неизбежно тоа да се одрази барем на некои од вашите нормални активности. Може да се имате чувство на губење време и слобода за да правите она што го сакате. Понекогаш ова може да ве направи да се чувствувате депресивно, лути или огорчени. Може да се чувствувате изолирани и дека другите луѓе не разбираат како се чувствувате или се плашат да разговараат со вас за тоа. Сите овие чувства се сосема природни и тие ќе се повлечат додека почнувате да реагирате на вашиот третман. Обидете се да размислувате позитивно и да правите работи што ги уживате, но не чувствувајте се виновен ако некои денови не се толку добри. Приклучување кон група за поддршка на миелом или онлајн форум може да биде многу корисен во споделувањето на совети и подигнување на вашиот морал.