Олеснителна околност
Веќе имаме многу повеќе информации за развојот на болеста, како и за ризик факторите. Постојат и нови технологии за рано откривање, дијагноза, третман и терапија.

Рано откривање преку скрининг е клучот
Скринингот може да ја намали смртноста од рак на дојка за дури 25%.  Редовните контроли може да ја детектираат болеста во ран стадиум. Вие имате моќ да преземете контрола над вашето здравје со откривање на болеста во ран стадиум или пак со превземање на соодветен третман. Бидете запознаени со ризик факторите, со предупредувачките симптоми, правете редовни контроли и практикувајте самопреглед на дојки.

Дознајте за вашата семејна историја
Дознајте дали сте изложени на поголем ризик за одредени видови на рак, заради вашата семејна историја. Можеби ви е потребен ран или почест скрининг, но сепак треба да се обратите кај вашиот лекар за стручен совет. Разговарајте за вашата семејна медицинска историја

Вакцинирајте се
Превенцијата од рак вклучува и вакцинација за одредени видови на канцер. Подетални информации може да добиете кај вашиот лекар.