Неправилната исхрана е одговорна за големиот број на малигни заболувања, па затоа вниманието кон овој ризик фактор се наметнува како еден од важните сегменти во третманот на пациентите со канцер

Консумирањето здрави производи пред, за време и по онколошкиот третман ќе ви помогне да се чувствувате подобро и побрзо да закрепнете. Ракот е болест на хронично нарушен метаболизам, па самото внесување храна која би можела да влијае на биохемиските процеси во организмот со цел да помогне во спречувањето на канцерогените процеси, да го подигне имунитетот и да го врати метаболизмот на нормално ниво е единствено храна која е имуностимулативна и содржи нутриенси одговорни за борба со малигните клетки.

Што да консумирате?

Оние совети кои за здравиот човек се во служба на превенција од заболување, кај пациентот со малигнен процес се преточуваат во диетотерапија со препорачан ритам на внесување или избегнување на соодветна храна. Антиканцер нутритивниот протокол вели „не“ за индустриски преработената рафинирана храна, како и трансмасните киселини за кои се смета дека доколку се многу застапени во секојдневната исхрана може да се причина за настанување на канцерот. Алкохолот, никотинот, вештачките засладувачи во диеталните напивки се навики кои го компромитираат здравиот животен стил, а во случајот на третман на канцер го компромитираат самиот процес на лекување. Цитрусните овошја, овошјето со темновиолетова, црвена или портокалова боја, потоа свежиот морков, цвеклото, брокулата, зелката, коренот на целерот, ’рдоквата, куркумата, доматот, содржат антиоскидатски својства . Ѓумбирот е ефикасно средство против гадење и повраќање, а може да им помогне и на пациентите на хемотерапија. Спирулината  влијае во процесот на лекување на канцерот или во намалување на негативните ефекти од онколошкиот третман кај пациентот. Важни се и витамините и минералите – витамин Ц -зелена пиперка, грашок, брокули, кељ, домат, карфиол, брокули, морков, репка, блитва, зелје, ореви, тиква, сончогледови семки, потоа минералот цинк кој го има во кефирот, леблебијата, семките од тиква, индиските ореви, какаото, печурките, спанаќот. Минералот селен кој има позитивни ефекти против карциномот на дојка, желудник, простата, црн дроб и мочен меур го има во нерафинираните житарки, пченката, лукот, застапен е во жолчката од јајцето заедно со витаминот Е, кој се содржи во рибата и морските плодови, морската сол. Важен е и витаминот Д, потоа омега-3 масните киселини, пробиотиците, сурутката, глуканите.