Ако сте затрупани во обврски и немате многу време за рекреација, тогаш овие вежби се идеални за вас. Може да ги правите секојдневно дома, а доволни ви се 5 минути.

Легнете на под, нозете нека ви бидат рамни со телото, а дланките ставете ги под рамената. Потпрете се на подлактиците и нозете, па останете во таа положба околу половина минута.

Вежба 2
Вдишете, опуштете го телото, па истовремено подигнете ги рацете и нозете, потпирајќи се само на стомакот. Ова е идеална вежба за зајакнување на грбните мускули и истегнување на `рбетот.

Вежба 3
Повторете го држењето на лактите од првата вежба, само овој пат подигнете ја левата рака (странично или право) и потпрете се на десната рака. По 30 секунди вратете се во почетната положба и заменете ја страната.

Вежба 4

Најтешко е страничното издржување, оставете го на крај. Свртете се на страна и потпрете се на подлактицата, па подигнете го телото. Останете така околу 30 секунди, другата рака држете ја на колкот, па сменете ја страната.