Пушењето е едно од најлошите работи за вашиот организам
Пушењето е смртоносно и предизвикува рак на белите дробови, грлото, усната шуплина и хранопроводот. Покрај тоа, предизвикува срцеви заболувања и други заболувања поврзани со пушењето.

Речиси една третина од смртните случаи од карцином се предизвикани од пушење
Пушењето е причина за појава на рак на бели дробови со дури 80%, додека 30% отпаѓа на смртни случаи предизвикани од рак. Непушачите кои се изложени на пасивно пушење, се исто така подложни на карцином на бели дробови како и болести на респираторниот систем. Чадот од цигарите остава канцерогени остатоци на коса, на облека, мебел, килими и сл. и претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето кои доаѓаат во контакт со истите.

Имате моќ да сторите нешто во однос на пушењето
Откажувањето до цигари може да го намали ризикот од карцином. Станете дел од интернет групи за самопомош и поддршка. Откажувањето не е лесно, но може да биде исплатливо.