Времето поминато со вашиот доктор е ограничено, па затоа добро решение е да подготвите листа на прашања кои треба да му ги поставите на вашиот доктор.

Некои од прашањата вклучуваат:

–          Каков тип карцином имам?

–          Во која фаза се наоѓа карциномот?

–          Можете ли да ми ја објасните мојата патологија? 

 –          Дали може да ми дадете копија од снимките?

–          Дали ми се потребни дополнителни испитувања?

–          Кои опции за третман најмногу ќе ми одговараат и ќе ми бидат најдостапни?

 –         Кои се несаканите ефекти од третманот?

–          Како третманот ќе влијае на мојот секојдневен живот? 

–          Дали ќе можам да продолжам со работа?

–          Како знаете дека овој третман е најдобар за мојата состојба?

–          Што би му препорачале на некој близок пријател или член од семејството кога би се нашол во ваква ситуација?

–          Што би се случило доколку не сакам да прифатам каков било третман?

–          Дали треба да побарам второ мислење?

–          Дали имате брошури или други материјали? 

–          Кои веб страници и книги би ми ги препорачале?