Деновиве ме мачат чудни чувства, после фактот дека мојот имунитет не е спремен да се соочи со чумата на денешницата – коронавирусот. Читам, слушам… Странски медиуми, доктори, пријатели. Некои забележуваат дека коронавирусот има “само” 1-4% стапка на смртност, додека другите препорачуваат да се релаксираме, бидејќи најголем дел од населението ќе развие само благи симптоми. Додека овие изјави се широко прифатени, вознемирувачка е самодовербата со која кажувате дека сте дел од тие 96% кои ќе ја преживеат инфекцијата, а не сте во потенцијалните останати 4% кои можеби нема да ја преживеат.
Секако, нивните коментари не се насочени директно кон нас, но се прашувам дали се свесни дека и ние слушаме што зборуваат, читаме што пишуваат. Минатата година ми беше дијагностициран карцином на дојка. Го отстранивме, и продолживме со хемотерапија за да се осигураме дека веќе го нема. Јас сум веќе седма недела на третман, и секогаш кога ќе добијам доза на лекови кои го убиваат канцерот, истовремено се убива голем дел од мојот имунитет.
Минатата недела добив вирусна инфекција на грлото, која ми ја пренесе едно од моите деца, и завршив на одделот за итни случаи откако симптомите ескалираа загрижувачки. Тоа беше вистински повик за будење. Ако сакам да се борам со вирусна инфекција, треба да се потпрам на моите лимфоцити. Нормалниот опсег за здраво лице е 1,5-4. Кога ми направија крвна слика, на половина од третиот циклус на хемотерапија, видовме дека бројот на моите лимфоцити изнесуваше 0.6. Таков низок број сеуште не значи дека јас воопшто немам имун систем на кој можам да се потрам, но искрено ме остава загрижена, дека ако се заразам со COVID-19 нема да спаѓам во групата со благи симптоми.
Секако, јас не сум единствената која се соочува со ваква опасност. Кога мојата пензионирана пријателка, која се опишува себеси како “постара личност”, објави на фејсбук дека се чувствува непријатно кога ги гледа постовите дека “ризична група се постарите и оние со хронични болести и нарушен имунитет”, голем дел од луѓето сочувствуваа со неа. Нејзината изјава беше прифатена и од луѓето со хронична астма, и загрозен имун систем. “И јас сум со тебе, пријателке.” Не само што се чувствувам истрошено, туку се чувствувам и изложено. Мојата најдобра заштита во моментов е целосно да избегнувам можен контакт со вирусот, а најдобра шанса за тоа да се случи е да не се шири во мојата заедница. За тоа да се случи, ние потенцијалните 4% коишто сме загрозени, зависиме од стотици илјади случајни странци, кои треба да се претпазливи и разумни, не затоа што може да умрат од болеста, туку затоа што се грижат за илјадниците луѓе од ранливите категории кои може да умрат.
Сега за сега, не ја чувствуваме таа љубов. Кога луѓето шират пораки за тоа колку лесно може да ја победат болеста, постои ризик и останатите да го следат тој безгрижен пристап. Колку е помала грижата во заедницата, толку е поголема опасноста.
Што е другата опасност за нас, останатите 4%? Ако толку многу луѓе заболат од вирусот, здравствениот систем ќе биде презаситен, и можеби нема да ја добиеме соодветната навремена терапија. Погледнете ја Италија. Стапката на смртност таѓу е алсрмантно висока, не затоа што таму вирусот е повирулентен, туку затоа што докторите треба да донесат страшни одлуки за тријажа. Треба да изберат “победници” врз основа на нивната здравствена состојба, и да одлучат кој ќе добие пристап до оскудните ресурси, како кревет на интензивна нега, вентилатори и респиратори. Оние кои имаат помала веројатност да преживеат се оставени на смртна постела. Очекувам целосно да се опоравам од мојата моментална здравствена состојба, но ако се заразам со корона вирусот во пикот на неготово ширење, дали можам да сум сигурна дека ќе го добијам “победничкиот” билет за интензивна нега пред некој друг пациент? И дали тоа ќе биде човечно? Секако, порадо не би дознала.
Затоа наместо да се потпрам на прашањето дали ќе издржи нашиот здравствен систем, останувам да се потпирам на луѓе како мојата сосетка. Минатата недела имаше болки во грлото, инсистираше да остане на 2 метри дистанца од мене, а потоа се тестираше. Таа го направи тоа ме за да се заштити себе, туку да ме заштити мене и нејзиниот стар татко. И се надевам дека луѓето ќе ги забележат знаците на местата како Клиниката за Онкологија, и ќе го почитуваат правилото да не влегуваат ако чувствуваат некакви симптоми, кои може да ги загрозат пациентите кои се на хемотерапија. Она со што се соочуваме е ризик за јавното здравје, а не за секој посебно. Треба да бидеме одговорни.
Во име на сите потенцијални 4% во светот, ги молам луѓето да бидат претпазливи и да го сфатат сериозно вирусот, не затоа што сме сите ние потенцијални смртни случаи, туку затоа што меѓу нас има луѓе чија најдобра шанса да преживеат е да се забави ширењето на вирусот, за да нашиот здравствен систем може соодветво да ги третира сите пациенти.