Со планови многу и надеж ко сите

Во мирен живот ми минеа дните

Од ненадеж лоша дијагноза се случи

Се што градев ко кула од карти се сруши

Неизвесност, страв, операција ,

хемо, мачнина, болка фрустација

И ме отпишаа многу – демек залудно се мачам

Грб ми свртеа луѓе на кои мислев дека им значам

Во нова боја невидена до сега

На животот почнав поинаку да гледам

Го отфрлам стравот го отфрлам срамот

оставам место за солзи-радосници само

Имам воља и сила

За победи и почетоци нови

И после ракот човек може да се бори

Она што не ме уби – Посилна ме стори

 

Ирена Арсовска -Арсениевска