Глад

 

Исконска.

Генетски диктирана.

Постојана.

Чиниш гребе со нокти од мачка,

копа во мене со лопата.

Ме излудува. Не престанува.

Врела топлина ми го облива телото,

Невидиливи капки роса избиваат на челото,

Ме испотува.

Вртоглавица, ќе се срушам.

Ме изнемоштува.

Дај ми да јадам, очајувам.

Го земам првиот залак, голтам избезумено,

Со очите ококорени.

Не мислам ништо, нема време за ништо.

Само голтање.

А потоа …..

Еден краток момент на мир во душата.

И ете ја повторно. Исконска.

Генетски диктирана.

Постојана.

 

*************************************************************************

Напишано во текот на одлежувањето на тегобите по третата црвена (огнена) хемотерапија, мај 2020 год.

Катарина Георгиевска