Tивка квечерина која полека се спушташе над градот. Ѕвездите на небото јасно светат на темното небо. Во една сина соба,една темнокоса жена седи осамена на креветот. Погледнува кон прозорецот,од каде можеше   да го почувствува мирисот на липите. Силна болка ја притисна во градите. Во розовата вазна забележа  дека розите ја губат својата  нежност и убавина.На дрвеното масиче ѝ стоеја здравствената картичка и  последните наоди од направената крвна слика ,како и денот кога треба  да ја прими хемотерапијата на Клиниката за хематологија. Иконата со Пресвета Богородица и кандилцето до неа стоеја на крајот  од дневната соба. Деновите минуваа многу бавно кога тој студен ноемвриски  ден ,докторот ѝ ја соопшти дијагнозата за болеста која ѝ ја напаѓаше левата града. Во тој момент ,во болницата  почувствува невидена болка што не можеше да ја смири. Способноста на жената е да остане доследна на своите принципи  дури ѝ во најтешките мигови од својот живот. Солзите на нежното лице   не можеа никогаш  да претечат низ нејзините тврди усни. Единствено во тој момент ѝ остана да биде храбра жена. Никогаш не посакуваше нејзината болка и мака да бидат разбрани од другите. Таа не сакаше пред своето семејство и пријатели да изгледа како личност на која и треба помош. Длабоко  во своето срце ги потиснуваше сите денови во кои болките ѝсе зголемуваа. Бараше деновите што и преостануваат да ги помине во хармонија со својот ум и тело. Гордана посакуваше нејзината ќерка никогаш да не го почувствува нејзиното отсуство.

И кажуваше шеговити приказни за да не го забележи бледилото на нејзиното лице ,и капите кои ги носеше за  да  не го забележи опаѓањето на нејзината коса.Навечер пред спиење ѝ читаше детски приказни и заедно прегрнати заспиваа. Сепак , Александра беше многу умно девојче,со  зелени очи и руса коса. Кога ќе се прегрнеа по секоја добиена одлична оценка,на Гордана срцето и затреперуваше. Посакуваше да ја победи битката со болеста,и овие моменти вечно да траат.Човек за своите сакани треба да се соочи со сите стравови. Таа мораше да продолжи понатаму. Сама подалеку од својот маж, со кого беше разделена три години,се трудеше да ја едуцира  својата ќерка која беше  десет години,и да не ја почувствува нејзината болка. Животот  не е едноставен кога во тие моменти единствено и преостануваше  да биде силна.Тој те поставува пред еден   патоказ од каде нема враќање. Животот е мозаик со раскршени парчиња стакло кои треба да бидат составени во една целина.Бараше да го слушне гласот на својата  ќерка Александра,која денес ја испрати на екскурзија со своето одделение. Секој ден во неизвесност ѝ поминуваше. Женската болка е голема ако нема со кого да ја споделиш. Некои велат дека најголемото искушение во животот е да ги поминеш сите препреки во животот без да бидеш духовно  ранет. И најубавите рози имаат трње кои бодат,па така и во животот никогаш не треба да се откажуваме од зацртаната цел.

Застана пред огледалото. Го допре своето лице. Секоја брчка на лицето кажуваше своја приказна. Плановите за нејзината професионална кариера ѝсе променија. Кога беше студентка бараше да работи на нови технолошки изуми во фармацевстката технологија. Но,сега по иронија на  животот за нејзината болка немаше лек. Кога ги гледаше албумите  преполни со слики од своето семејство ја сфати големината и значењето на спомените. Само убавите поминати мигови остануваат врежани во женското срце.

Полека се соблече и легна да спие. Знаеше дека понатаму ништо нема да биде како  порано. Се надеваше дека  и на последната хемотерапија резултатите  ќе бидат добри. Сега единствено и остана надежта,која последна умира.

Деновите во таа кобна година беа исполнети со сивило. Единствена храброст и беше кога се гордееше на својата ќерка која секогаш ја гледаше насмеана. И како по некоја случајност нејзините молитви беа исполнети. Таа навистина ја победи битката со ракот. Таа не беше онаа Гордана од порано. Таа сега беше похрабра, попаметна и посилна од било кога. Таа се гордееше на себе ,и затоа се викаше навистина Гордана.

Марија Челебиева