Велат дека среќата не се купава со пари, но и дека парите се неопходни за благосостојба. Навистина по оваа констатација со која апсолутно се сложувам, мерката за тоа колку е доволно за благосостојба кај секоја индивидуа е различна. Зависно од полот, возраста, животните навики, екологијата на духот и неговата мудрост. Читајќи ја книгата на Стив Џобс, во една прилика неможам, а да не забележам дека и покрај најголемото богатсво што го поседуваше додека беше жив но и постхумно, тој остана длабоко приврзан на своите принципи за работа, и невидена скромност како и животна едноставност.

Токму најголемите умови, се најпрактични и наједноставни, сосема обични луѓе кој не се издвојуваат од толпата и успеале да живеат еден скромен и пред се мирен, спокоен живот. Тука лежи зајакот, да се живее во симбиоза со природата лична како и онаа што не опкружува. Во ова време на брз животен ритам во време кога глобално се бориме со еден невидлив непријател кој не обележа сите и преку ноќ ни ја промени реалноста и ни наметна низа животни предизвици.

Ни направи една диверзија на сите планови и соништа што секој од нас катадневно ги негуваше и сонуваше. Од мало до големо, старо и младо сите некако сме принудени да се преустроиме и технологијата да ја разбереме многу поинаку од досега. Многу понормално како вовед во секојдневниот живот кој ни овозможува работата да тече од една страна а од друга ни донесе благо оттуѓивање, пред се социјално.

Ја нема онаа смеа, она дружење, гушки и флуиди кој несебично си ги дарувавме. Ах колку ми недостига таа позитивна енергија и лековитоста на гушките како и бакнежте. Терапија за душата. Безгрижната смеа.

Некако наеднаш ни стана сосмеа нормално да сме на дистанца едни од други и да почитуваме „ некиои нови правила на игра“.

Па ова би рекла делува пострашно и од најстрашната дијагноза со која се соочуваат многуи луѓе денес.

Се бориш против непознат непријател, незнаеш колку време на располагање имаш и што ли те демне следно. Како ловец кој трпеливо од заседа го чекаат својот плен за отстрел.

И што ни останува, освен храбро да се соочиме со предизвикот. Лице в лице да погледнеме на суровата реалност и одлучно да тргнеме во офанзива .Јас отсекогаш велев дека човекот е чудо. Божје чудо. И нема откажување, во ниту еден момент, ниту за миг.

Филозофијата на живеењето е да се биде сега и тука. Присутен во сегашниот момент и да не се прави „празен од“. Напротив, бестрашно да се живее реалноста и да се фатиме во костец со сите непознаници. Зашто нема друго. Неможе поинаку. Животот е еден и вреден ,скапоцен. Секој има право да се бори за него без откажување. Па не е ова театарска претстава со предпремиера. Туку вечна премиера, а од настапот ни е условен натамошниот животен тек.

А да оставиме на божјата милост и промисла. Се е во божји раце, и по божја волја. Така не учи религијата, но јас велам дека мораме и можеме сами да си помогнеме. Со тоа што ќе правиме се она што е во наша моќ, и многу повеќе од тоа, а останатото ќе го препуштиме на таа виша сила.

Како малечка додека ја читав „Алхемичарот“ од Коелјо никако не ја разбирав до крај мислата, се до оној момент кога ја разбрав поентата дека неопходно е да се паѓа во животот но и по секој пад, треба да ја истресеш правта од себе, и со гордо крената глава да продолжиш понатаму. Но секој пад несомнено не учи. Животот е чудесен учител.

Лекциите не смее да ги заборавиме зашто личното искуство најдолго се памети но и скапо се плаќа.

Затоа велам дека некојпат здравјето го земаме здраво за готово. Немислејќи дека тоа е бисерче во школка кое треба вечно да се негува за да ни служи подолго, а благодетите од истото да ги чувствуваме со одложено дејство во подоцнежните години.Како некоја миризлива свеќа која колку повеќе се троши се бобогата арома испушта во етерот.

Зашто тоа е привилегија во денешно време. И голем личен предизвик, да го сочуваме и унапредиме личното здравје колку можеме, преку нега на телото и екологија на душата. Само со позитивен пристап, со ширење на несебична лјубов и добрина, ќе постигнеме една чистина на духот која е добра основа за здраво тело. Психосоматските заболувања доааѓаат токму од мислите и состојбата на духот. Затоа да му се посветиме целососно. Безрезервно и без задршки, за себе и за другите. За најмилите оние кои ни значат се и за кој и животот би го дале несебично.Така не учеше и Атиџе,нашата понова хероина, пола за себе пола за другите. Делењето е неминовно. Тоа е лјубов, тоа е суштинското.

Имам сила да премостам и надминам се зашто животот ме обдари со мудрост, со знаење кое е вечно и исконско. Само здравјето на најмилите и семејството се најголеми приоритети на кој треба катадневно да работиме и да ги унапредуваме. Инвестирајќи во себе во се она што сакаме и посакуваме стануваме подобри личности за себе и за останатите. Самозадоволството од постигнатото макар и милиметарско ни дава ветер во грб за нови предизвици и поголеми потфати и достигнувања. Нема граници човечкиот ум. Се што ќе се замисли е возможно и реално. А кога желбите се тука и во огромен број со список, тогаш нема причина за страв од неуспех. Оти кога нешто посакуваме длабоко од дното на душата и универзумот работи на остварување на желбата. Затоа само напред и нема предавање. Патувањето од илјада милји започнува со еден единствен чекор. Нека почне авантурата наречена живот. Среќата ги следи храбрите, затоа одбирам да живеам со полни гради, без задршка, да сонувам со ширум отворени очи и да излезам од зад клучалката.

Животот е преубав сам по себе. Живеј го .За некого можеби жолтата точка е само дамка, јас избирам за мене да биде сонце.

Биди најдобрта верзија на себе си. Расти. Зашто ти си храбра и во тебе е моќта. Јас незнам поинаку.

Марија Пеликон