Гледав во тие небесно плави очи, и се обидував да верувам дека крајот е многу далечен. Безнадежни беа последните треперења на очите чиј сјај оддамна го снема. Мечтаев и верував во моите лаги кои градеа палати од надеж и сништа…Погледот веќе го губеше фокусот, а јас доживував кошмар стоејќи спроти изразот на нејзиното лице, кое со врисокот на душата, а со шепотот на послендиот здив како да кажа „Збогум„

Без да се сврти и да ме погледне си замина. Беше толку убава во тој розов, пролетен, расцветан фустан…таа стана најубавата роза во рајскиот двор. Розов свет како во сништата на секое мало девојче. Но, за мене магијата заврши, за да стане кобен тој ден, како во црно цел свет да е обвиен.

Си замина, борецот кој ме научи дека никогаш не треба да се обесхрабриме, туку напротив да се бориме со сите наши сили, кога непријателот е толку немилосрдив. Таа се портуди, но предоцна примети за заканата на непријателот кој скришум влезе во нејзиното тело, но сепак ниту еднаш  не се предаде, се воздржи, не заплака. Се бореше дури и со последните сили.

А јас пак, оставена како безкорисна крпа на подот, изгубена во животниот крстопат, бес сила, сираче без надеж и желба за живот. Се прашував често. Како исчезна кристалниот свет, во кој се беше прекрасно, каде немаше плач, болка, мрак, молк?! Кулите на надежта како од карти да беа изградени, за се срушат преку ноќ. Не разбрав како, но јас не престанав да чекорам иако во рамото носев товар кој крвави рани отвара.

Чекорејќи низ тој темен и безнадежен тунел, мал сончев зрак не знам како го најде патот за да ми ја стопли  скаменетата душа, и ми стана патоказ кој ме извлече од оваа темнина.

Сончеви зраци тоа утро пловеа во убавината на бесконечното небо кое ме потсети на неа…Тогаш дознав дека јас имам огромна сила да ја победам секоја битка која ќе ми биде закана за моето здравје…Длабоко во мојата душа  си ветив дека ќе стокмам сили и ќе продолжам со животот и неговите убави страни.  Сдогледаа моиве очи, лепеза со спектар на сите бои на среќата, виножито каде што нема место за црната боја.

Можам, можеш и ти, можеме сите ние себеси да си подариме внимание, самопочит, грижа и многу љубов. Бидејќи јас сум жена, ќерка, сестра а што е најважно јас сум мајка.

Ќе бидам на првите линии во борбата против секоја заканувачка болест, да се бранам себеси и да живеам за моите сакани. Моите очи секогаш ќе се потрудат да го имат сјајот кој го бараш ти ќерко моја.

Пред да биде многу доцна пружија твојата помош кај тие што не знаат да ја побараат, но бескрајно им е потребна…Како што ми беше мене негогаш…

Денес е убав ден…Облечисе и ти во розово, погленди во небото и насмеј му се на животот!

 Нертила Питарка Весели