ХРАБРА БОРКА

Млада и слилна, мислев дека ќе го прескокнам ридот,

кога пред мене се испречи ѕидот.

Препрека зад која стои непознаница,

Непланирана сопка – поставена граница.

 

И знаев – мора да се борам.

Заради себе, заради смејството,

заради убавите недоживеани мигови

надчовечки напори да сторам,

па ако треба во таа борба и да изгорам!

 

Чекорев цврсто со гордо крената глава,

и носејќи го сето бреме на неизвесноста

газев преку сенката од мојата става,.

се кревав и паѓав и повторно се раѓав.

 

Јас, БОРКА, со ведра мисла

со верба дека има иднина

со надеж и самодоверба

насмевката како најубава руба си ја носев

оти само таа ме личеше кога на болестите им пркосев.

 

Животот тече…еве уште еден октомври изминува.

Не се запира времето,

но се менуваат навиките –

Бори се БОРКА, зграпчи ги приликите!

 

 Ружа Стојмилова