Многу често луѓето кои го победиле карциномот запаѓаат во замката на стравот од рецидив кој ги обзема и предизвикува состојби на анксиозност, напади на паника, депресија и има моќ да го окупира нивниот живот. Верувајте ми – јас живеев на тоа место и воопшто не беше забавно.

Пред 8 години мојот живот се распаѓаше. Дијагностицирана со карцином (додека бев бремена), потоа хемотерапија додека имам новороденче (и уште две деца), комбинирано со Големата рецесија и пропаѓањето на бизнисот на мојот сопруг – се дојде наеднаш заедно за да предизвика страшна бура во мојот живот. И на сето тоа, финансиски проблеми, (изгубивме речиси се), чувството на вина како мајка (не се поврзав со моето новородено дете), мојот татко, две тетки, вујко и мојата баба – сите со дијагноза карцином, замор и депресија – доволно нели, веќе ја имате сликата. Не беше убаво.

Но, како што кажал Winston Churchill – Ако поминуваш низ пеколот, продолжи да одиш. Не застанувај да се восхитуваш на боите на сулфурот, па да посакаш да останеш на одмор, ПРОДОЛЖИ ДА ОДИШ. ИЗЛЕГУВАЈ ОТТАМУ. Она што го гледам е дека многу луѓе забораваат да продолжат после завршувањето на третманот. Или ако сакате, остануваат заглавени во својот сопствен “пекол”.

Дали ова ви звучи познато?

Го завршуваш третманот и почнувша да правиш лажни претпоставки за идните настани кои може или не може да се случат. На прв поглед овие мисли се резултат на вистинска загриженост дека  мора да го избегне она што го поминуваш во текот на лекувањето од карцином. Генерално загриженоста може да ни помогне да  избегнеме потенцијално лоши ситуации (депресија) и се “црвени знамиња” на нашата потсвест. Сепак, загриженоста може да не обземе, кога не ги контролираме нашите мисли. Колку повеќе им обрнуваме внимание, толку повеќе не обземаат. Што ако тргнеме низ “темните улички”? Бидејќи нашите умови се толку неверојатно силни, ние создаваме емоции за да одговарат на настаните, кои ги гледаме со окото на нашите умови.

Набргу, дури и пред да забележите, ви се одвива вистинска драма во мозокот, за тоа што ќе се случи, кој ќе биде засегнат и каков излез постои – и ете го СТРАВОТ, се вгнездил.

Но еве го проблемот: Го креирате ова – Не е вистина. Тоа не се случува.

Сепак комбинацијата на мисли и емоции креира физичка манифестација (грчеви во стомакот, потење, панични напади итн.  Мисли + Емоции= Вистина за вашиот мозок ( иако не е реално). Затоа филмовите и ТВ шоуата ( за кои знаеме дека не се вистински) имаат таков физички ефект на вашето тело и психа – и  зошто луѓето веруваат дека постојат вампири и живеат во ФОРКС, Вашингтон. Вистинска приказна. ( Јас ги искусив овие од мене лажно креирани процеси и она “Што ако “ кои ме однесоа во хаос и буквално за извесно време го парализираа моето функционирање.) Штом сфатив што се случува и дека сум способна да го стопирам овој процес – Тоа и го направив! Нема веќе правење приказни за иднината која не ја посакувам. Нема повеќе размислување за најлошото сценарио. Секојдневно го славам Бога што се извлеков, можете и вие тоа да го сторите.

Еве 4 начини како да го победите стравот кога ќе почне да ве обзема:

Чекор 1) Престанете да го храните стравот

Тоа што го храните – расте. Тоа што го занемарувате – умира. Кога мислите започнуваат да навлегуваат во вашиот ум. Кажете гласно: СТОП и буквално кажете му на вашиот мозок дека не сакате повеќе да размислувате за тоа бидејќи завршивте со тој дел од вашиот живот и нема да размислувате или слушате за тоа.

Чекор 2) Поврзете се со вашиот извор на енергија

Било да медитирате или се молите – секојдневно поврзувајте се со вашиот извор на енргија. Некои истражувања покажуваат дури и само кревањето очи нагоре му помага на мозокот појасно да процесира. Заклучив дека ми помагаат молитвите и барањето светлина. Зошто? Бидејќи темнината не може да живее на исто место со светлината – таа мора да си оди. Открив дека ми помага и да ги ставам рацете околу моето срце и да кажам гласно “ Почувствувај го мирот”.

Чекор 3) Креирај, запиши и изговори каква иднина сакаш

Ако твојот ум има моќ да создаде мисла “ Што ако “ која ќе ве повлече надолу, треба да има моќ да создаде визија за иднината која ја посакуваш. Мора да го репрограмираш својот ум создавајќи слика на исход кој го посакуваш. Што посакуваш? Неверојатно здравје, што поскоро враќање на силата, прекрасна врска – што и да посакуваш – започни да го градиш тоа во твојот ум.

Следниот едноставен чекор е да го запишеш сето ова на лист хартија. Кога твојот мозок ќе го види запишано, почнува да размислува: Хмм, ова мора да е важно. Да го запаметам.

Како што вели поговорката: Штом е запишано, да го направиме.

На крај, штом веќе ја имаш запишано визијата за иднината, гласно прочитај ги напишаните зборови. Ова ќе му помогне на мозокот да го слушне вашиот глас, ( кој најмногу влијае на вашиот ум) и штом ги вокализирате зборовите тој ќе почне да ги регистрира како вистина. Вашиот ум почнува да мисли: О, ова мора да е важно бидејќи е видено, напишано и слушнато. Подобро да му обратам нимание.

Чекор 4) Повторете го процесот додека не се зацврсти во вашето срце

Како што вашиот страв се зголемувал со времето, така и вашата верба во светла иднина се зголемува додека го повторувате процесот во вашиот ум. Вашиот ум ќе го одбере фактот дека не живеете повеќе во страв и дека и посакувате добредојде на иднината која му ја кажавте на вашиот мозок, а треба да ја креира. Ќе станете посмирени и вашето срце ќе го почувствува тоа.

Сега ќе помислите дека сум малку луда сугерирајќи ги овие работи. Некои ќе кажат дека ова е премногу лееесно решение – сигурно е потешко бидејќи вие сте создале визија во вашиот ум дека животот мора да е потежок ( веројатно затоа што некој така ви кажал додека сте биле дете и вие сеуште верувате во тоа).

За мене е прифатливо доколку размислувате така. Тоа е ваш ум – ваш живот. Но јас ја направив мојата домашна задача и знам што делува откако го применив на себе. Не тврдам дека сум трениран терапевт и разбирам дека некои личности ќе имаат потреба од дополнителна медицинска помош за да го надминат проблемот со кој се соочуваат.  Ги почитувам сите луѓе во нивните индивидуални патувања, бидејќи секој има право да го одбере својот животен пат.

Само знам дека порано живеев во страв и почувствував како сакаше да ме обземе во целост. Ја чувствував анксиозноста од паничните напади и ја видов темнината на депресијата. Одлучив да одберам да создадам визија за мојата иднина полна со живот, љубов и среќа во која ќе се чувствувам сакана и безбедна.

И секојдневно се потсетувам на тоа.

Кој е вашиот избор, во што ќе верувате?