Голем поздрав до сите „борки“ и „борци“, јас сум Владимир Наумовски педесет и шест годишен жител на Скопје.

Веќе 15 години се борам со два вида на канцер. Едниот е ларингс, а дригиот е меланом со метастази во лимфата. Мојата приказна почнува во 2004 година кога при рутински преглед на уво, нос и грло дознав дека имам карцином на гласните жици. Во тој период немавме никаков пристап до информации за било кој вид на канцер. Не бев свесен што ми се случува, веднаш ми земаа биопсија и ме известија дека морам под итно да се оперирам бидејќи беше зафатено целото грло. Доктор Оровчанец веднаш се одлучи да ми направи операција на грлото и во буквална смисла на зборот ми го спаси животот. После овој шок почнав да ги барам причините зошто ми се случи баш на мене. Сфатив дека немам никакви наследни болести, туку дека причината можеби лежи во мојот боемски растурен живот. Во тие моменти кога се чувствував дезиорентиран имав најголема поддршка од моите најблиски. Додека бев во болница не сакав никаква помош, дури сам се хранев со цевки преку мојот нос. Едноставно не сакав никој да ме види во каква состојба бев.

После операцијата се вратив на работното место и сите ме гледаа попреку и мислеа дека ќе се заразат од мене. Тие не беа свесни дека јас сум еден бел лист хартија и дека можат тие мене да ме заразат, а не јас нив. Тоа се должеше на тоа што немавме доволно екукација и информации за овие видови на рак. После извесен период морав да земам инвалидска пензија затоа што не бев воопшто комуникативен.

Само што отидов во пензија се случи и другиот карцином. Поточно меланом од младеж на потколеницата со метастази на препоните која се случи во 2012-та година. Направени ми се три операции, една на потколеницата и две на препоните. И покрај тоа после само десетина дена, со штаки успеав да се искачам на Водно. Со автобус се искачив до средно Водно и после неколку часа успеав да го искачам врвот. После неколку недели ги фрлив штаките и скоро секој втор ден го искачував Водно. Движењето е најважно за заболените од карцином. Мојата препорака е движење од 15 до 20 километри дневно.

Неколку години наназад се едуцирав општо за канцерот и сфатив дека хемотерапијата може повеќе да ми наштети отколку да ми помогне, па така и покрај сугестијата од докторите јас решив да се лечам сам со помош на алтернативна медицина. Само првиот месец после операциите докторите ми препишаа Роферон инекции, кои многу лошо влијаеа врз мене. После еден месец ги отфрлив и се решив за алтернатива. Во последните шест години користам, витамин Б-17, сода бикарбона без алуминиум, микс од чаеви кој го препорачувам за чистење на лимфата, а тоа е корен од глуварче, сладок пелин и семе од коприва.

Моментално имам само висок притисок и пијам енап од пет милиграми и ништо друго.

Мојот совет до сите е да се избегнува стресот, тој е број еден причина за канцер. Да се има физичка активност, поздрав начин на живот, избегнување на алкохол, цигари и нездрава храна. Како заклучок сфатив дека за овие 15 години дека лекот е во самите нас, всушност се е до умот и психата. Кога ќе прифатиме што ни се случува и психички ќе се соочиме со тоа што ни се случува ние веќе 50 % сме излечени.

Владимир Наумовски – Скопје