Нашиот живот почнува од само една клетка. Таа е градбената структура на секое ткиво и орган. Преку делба на клетките, тие се размножуваат и создаваат ткива и органи. Секоја клетка има свој животен процес, се раѓе, ја врши својата функција и умира. Во телото постои точно утврден систем според кој секоја клетка функционира и знае кога треба да престане да се размножува. Хормоните пак,  преку крвниот систем пренесуваат „порака“ до нашите клетки и ги поттикнуваат да функционираат нормално и да го снабдуваат ткивото со кислород и хранливи материи, а го ослободуваат од јаглеродниот диоксид и штетните материи. Целата размена на материи се одвива преку крвниот и лимфниот систем.

Е сега, кога овој хармоничен живот на клетките, кој зборува за здрав и витален организам, со добар имунолошка состојба и  го штити организмот, клеткике на ракот  ги немаат овие особини, оти се  размножуваат неконтролирано, имаат пократок животен рок и неправилна функција.

Како се „ создава “ ракот  ?

Ракот е резултат на промени или оштетувања на еден или повеќе гени. А, гените пак, се присутни во секоја клетка во организмот и се одговорни за развојот, функцијата и делбата на клетката. Мутацијата на гените може да предизвика разни промени во клетките, а ефектите од тоа на кое место се настанати и дали мутацијата довела до промена на функцијата на важните протеини во клетката може да го„стартува“ ракот.  Благодарение на имунолошкиот систем, клетките имаат способност да ги регистрираат промените во ДНК и да ги коригираат „лошите“ својства кои може да се пренесат на друга клетка. Во случај кога клетките неможат да го направат тоа, промената се пренесува и на другите клетки. Ваквите клетки со променета ДНК имаат голема шанса да преминат во некој вид рак.

Како се шири ракот ?

Ракот, вообичаено се проширува во о другите делови на телото, од местото каде што се појавил на неколку начини. Според начинот на ширешето , лекарите подоцна ги спроведуваат протоколите и начините на лекување . Еден од начините е ако директно , ракот расте и проширува во околните ткива, лошите клетки, можат и со помош на крвотокот да стигнат до друг орган каде ќе се прошируваат. Ракот исто така се шири и преку лимфниот систем, во  лимфните садови и лимфните јазли и тага стигнуваат до друго ткиво.  Дали ќе се прошири ракот и каде зависи од кој тип е и од тоа каде настанал. Степенот до кој се проширил ракот  во моментот кога дијагностициран, се нарекува стадиум. Најчесто, станува збор за четири стадиуми на рак .