Leukemia ribbon1

Леукемијата е карцином, кој започнува во органите кои ја создаваат крвта, главно коскената срцевина и лимфниот систем. Во зависност од специфичните карактеристики, леукемијата може да се подели на два големи типови: акутна и хронична. Акутните леукемии се брзонапредувачки леукемии, додека хроничните леукемии напредуваат бавно. Поголемиот дел од детските леукемии се од акутна форма.

Хронични леукемии

Кај хроничните леукемии, ракот започнува во крвните клетки кои се создаваат во

коскената срцевина. Клетките созреваат, а само мал дел остануваат незрели. Сепак,

иако клетките созреваат и се појавуваат како нормални, тие не функционираат како нормалните клетки. Во зависност од видот на белите крвни клетки кои се вклучени, хроничната леукемија може да се класифицира како хронична лимфоцитна леукемија или хронична миелогена леукемија.
Хроничната леукемија се развива многу постепено. Абнормалните лимфоцити се размножуваат полека, но на лошо регулиран начин. Тие живеат многу подолго и на тој начин нивниот број се зголемува во телото. Двата типа на хронична леукемија може лесно да се препознаваат под микроскоп. Хроничната лимфоцитна леукемија (CLL) вклучува Т или Б лимфоцити. Б клеточните абнормалности се почести отколку Т клеточните абнормалности. Т клетките се погодени само кај 5% од пациентите. Т и Б лимфоцитите се разликуваат од другите видови на бели крвни клетки врз основа на нивната големина и отсуството на гранули во нив. Кај хроничната миелогена леукемија (CML), клетките кои се засегнати се гранулоцити. Хроничната лимфоцитна леукемија (CLL) често не покажува рани симптоми и може да остане неоткриена долго време. Хроничната миелогена леукемија (CML), од друга страна, може да напредува во повеќе акутна форма.

Акутни леукемии

Кај акутната леукемија, созревањето на белите крвни зрнца е прекинато. Незрелите клетки (или ”бласти”) се размножуваат брзо и почнуваат да се акумулираат во различни органи и ткива, а со тоа влијаат на нивното нормално функционирање. Оваа неконтролирана пролиферација на незрели клетки во коскената срцевина влијае на производството на нормалните црвени крвни зрнца и тромбоцитите.
Акутните леукемии се два типа: акутна лимфоцитна леукемија и акутна миелогена леукемија. Различни видови на бели крвни клетки се вклучени во двете леукемии. Во акутната лимфоцитна леукемија (ALL), Т или Б лимфоцити стануваат канцерогени. Б клеточните леукемии се почести отколку Т клеточните леукемии. Акутната миелогена леукемија, исто така позната како акутна нелимфоцитна леукемија (ANLL), е рак на моноцитите и / или гранулоцитите. Леукемиите зафаќаат 2% од сите случаи на рак. Бидејќи леукемијата е најчестата форма на рак кај децата, таа е често се смета како болест на детството. Сепак, леукемиите ги погодуваат девет пати повеќе возрасните околку децата. Половина од случаите се јавуваат кај луѓе на 60 години или постари. Инциденцата на акутните и хроничните леукемии е скоро иста. Според проценките на GLOBOCAN, морбидитетот за леукемија изнесува околу 200 000 нови случаи во 2008 година на светско ниво или 87 случаи во Македонија, од кои 61 смртни. На меѓународно ниво, леукемија е четвртиот најчест рак кај луѓето на возраст од 15 до 19 години.

Причини и симптоми

Леукемијата ги погодува двата пола и сите возрасти и нејзината причина е главно непозната. Сепак, хроничната леукемија е поврзана со генетски аномалии и еколошки фактори. На пример, изложеност на јонизирачко зрачење и на одредени органски хемикалии, како што се бензен, се верува дека го зголемува ризикот за добивање на леукемија. Хронична леукемија се јавува кај некои луѓе кои се инфицирани со два човечки ретровируси (HTLV-I и HTLV-II). Абнормален хромозом познат како Филаделфија хромозом се гледа во 90% од случаите со CML. Инциденцата на леукемијата (акутна и хронична) е малку повисока кај мажите отколку кај жените. Повисока инциденца на леукемија, исто така, е забележана кај лицата со Даунов синдром и некои други генетски аномалии. Историја на болести со оштетување на коскената срцевина, како што се апластична анемија или историја на рак на лимфниот систем ги изложува луѓето на висок ризик за развој на акутна леукемија. Слично на тоа, употребата на антиканцер лекови, имуносупресиви и антибиотикот хлорамфеникол, исто така, се сметаат за ризик фактори за развој на акутна леукемија.

Симптомите на леукемијата се обично нејасни и неспецифични. Пациентот може да ги

доживее сите или некои од следниве симптоми:

–          слабост или хроничен замор

–          треска од непознато потекло

–          губење на телесна тежина кое не се должи на диета или вежбање

–          чести бактериски или вирусни инфекции

–          главоболки

–          црвенило на кожата

–          неспецифични болки во коските

–          лесно добивање на модринки

–          крварење од непцата или носот

–          крв во урината или столицата

–          зголемени лимфни јазли и / или слезина

–          абдоминална исполнетост

Дијагноза

Како и сите видови на рак, леукемиите се третираат најдобро кога ќе се откријат на почетокот. Нема скрининг тестови на располагање. Ако лекарот има причина да се сомнева на леукемија, тој ќе спроведе темелен физички преглед за да открие зголемени лимфни јазли на вратот, пазувите и пределот на карлицата. Отечени непца, зголемен црн дроб или слезена, модринки или црвен точкест осип по целото тело се некои од знаците на леукемијата. Може да се направат уринарни и крвни тестови за да се провери евентуално присуство на микроскопски количини на крв во урината и да се добие комплетна диференцијална крвна слика. Абнормална крвна слика би можело да сугерира леукемија, сепак, дијагнозата треба да биде потврдена од страна на повеќе специфични тестови.
Лекарот може да изврши биопсија на коскената срж за да се потврди дијагнозата на леукемија. Во текот на биопсијата, цилиндричен дел од коскената срцевина се отстранува, генерално од карличната коска. Овие примероци се испраќаат во лабораторијата за испитување. Во прилог на дијагнозата, биопсијата, исто така, се повторува за време на третманот на болеста за да се види дали леукемија дава одговор на терапијата.
Спинална дренажа (лумбална пункција) е уште една постапка која лекарот може да ја направи за да се дијагностицира леукемија. Во оваа постапка, мала игла се вметнува во ‘рбетниот канал во долниот дел на грбот за да се извлече малку цереброспинална течност и да се побараат леукемични клетки.
Стандардни тестови, како што се рентгенски снимки, компјутерска томографија (КТ-скен) и магнетна резонанца (МРИ) може да се користат за да се провери дали леукемичните клетки дошле од други делови на телото, како што се коските, градите, бубрезите, стомакот или мозокот. Галиум скенирање или коскен скен е тест во кој радиоактивни хемикалии се вбризгуваат во телото. Оваа хемикалија се акумулира во областа на ракот или инфекцијата, овозможувајќи да се видат со специјална камера.

Третман

Постојат две фази во третманот за леукемија. Првата фаза се нарекува индукциона терапија. Главната цел на третманот е да се намали бројот на леукемични клетки колку што е можно и да предизвика ремисија на пациентот. Откако пациентот не покажува очигледни знаци на леукемија (без леукемични клетки откриени во крвта и биопсии од коскената срцевина), пациентот се вели дека е во ремисија. Тогаш започнува втората фаза на третманот. Ова се нарекува продолжувачка или терапија на одржување; целта на овој третман е да се убие секоја останата клетка и одржување на ремисијата што е можно подолго. Хемотерапијата претставува употреба на лекови за да се уништат клетките на ракот. Тоа е третман на избор и се користи за да се ублажат симптомите и да се постигне долгорочна ремисија на болеста. Општо земено, хемотерапијата, во која повеќе лекови се користат, е поефикасна отколку користење на еден лек за третман. Бидејќи леукемијата може да се прошири на сите органи преку крвта и лимфните садови, хирургијата не се смета за опција за лекување на леукемии.
Терапија со зрачење, што вклучува употреба на Х зраци и други високоенергетски зраци за да се убијат клетките на ракот и да се намали туморот, може да се користи во некои случаи. За акутни леукемии, изворот на зрачење е обично надвор од телото (надворешна радиотерапија). Ако леукемичните клетки се шират во мозокот, радиотерапијата може да биде применета на мозокот.
Трансплантација на коскена срцевина (BMT) е процес во кој заболената коскена срцевина на пациентот се заменува со здрава коскена срцевина. Постојат два методи за трансплантација на коскена срцевина. Кај алогениот трансплантант на коскена срцевина, здрава срцевина се зема од донатор чие ткиво е исто или многу наликува на ткивото на пациентот. Прво, коскената срцевина на пациентот се уништува со многу високи дози на хемотерапија и радиотерапија. Здравата срцевина од донаторот потоа се дава на пациентот преку игла во вена за да ја замени уништената срцевина. Во вториот тип на трансплантација на коскена срцевина, наречена автологна трансплантација, дел од сопствената срцевина на пациентот е извадена и се третира со комбинација на антиканцерогени лекови за да се убијат сите абнормални клетки. Оваа срцевина потоа се замрзнува и чува. Преостанатата срцевина во телото на пациентот се уништува со високи дози на хемотерапија и радиотерапија. Срцевината, кој била замрзната потоа се одмрзнува и се враќа во пациентот преку игла во вена. Овој начин на трансплантација на коскена срцевина во моментов е во клинички испитувања.
Биолошката терапија или имунотерапија е начин на третман во кој сопствениот имунолошкиот систем на телото се користи за борба против ракот. Супстанции кои рутински се создаваат од страна на имуниот систем (како што се фактори за раст, хормони и протеини за борба против болести) се или синтетички направени во лабораторија или нивната ефикасност се зголемува и тие потоа се враќаат назад во телото на пациентот. Овој начин на третман, исто така, се испитува во клинички истражувања.

Очекувани резултати

Како и сите видови на рак, прогнозата за леукемија зависи од возраста на пациентот и општата здравствена состојба. Според статистичките податоци, повеќе од 60% од пациентите со леукемија преживуваат најмалку една година по дијагнозата.
Акутната миелоцитна леукемија (АМЛ) има полоша прогноза од акутната лимфоцитна леукемија (АLL) и хроничните леукемии. Во последните 15 до 20 години, петгодишна стапка на преживување кај пациентите со ALL се зголемила од 38% до 57%. Интересен е податокот дека повеќето леукемии во детството се од типот ALL и хемотерапијата е многу успешна во третманот бидејќи хемотераписките лекови се најефективни кај активно растечките клетки. Поради новите комбинации на антиканцер лекови кои се користат, преживувањето кај децата со ALL е подобрено драматично.
Осумдесет отсто од децата дијагностицирани со АLL сега преживуваат пет или повеќе години, во споредба со 50% во доцните 1970-ти. Според статистичките податоци, кај хроничната лимфоидна леукемија, вкупното преживување за сите фази на болеста е девет години. Повеќето од смртните случаи кај луѓето со CLL се должат на инфекции и други болести кои се јавуваат како резултат на леукемија. Кај CML, ако трансплантацијата на коскената срцевина се врши во рок од една до три години од дијагнозата, 50-60% од пациентите преживуваат три или повеќе години. Ако болеста напредува во акутна фаза, прогнозата е лоша. Помалку од 20% од овие пациенти одат во ремисија.

Превенција

Повеќето видови рак може да се спречат со промени во начинот на живот или исхраната, кои ќе ги намалат факторите на ризик. Меѓутоа, кај леукемиите, не постојат познати фактори на ризик. Затоа, во сегашно време, не постојат вистински превентивни препораки за леукемијата. Луѓето кои се со зголемен ризик за развој на леукемија, поради докажана изложеност на јонизирачко зрачење или изложеност на токсичен течен бензен и луѓето со Даунов синдром, треба да прават периодични прегледи. Некои експерти препорачуваат ограничување на токсичната изложеност, јадење здрава и необработена храна, воздржување од пушење, физичка активност и внесување многу течности, па дури и повремени пости, како можни превентивни мерки. Во 2003 година, новите истражувања покажаа дека возрасните жени кои примале ацетилсалицилна киселина два или повеќе пати неделно имале 50% помал ризик за развој на возрасна леукемија.
Научниците продолжуваат да работат на можна вакцина против леукемија. Тие постигнаа одреден напредок во 2002 година, со откривање на моделот на трансфер на гени кој може да го поттикне имунитетот против леукемичните клетки.