patient (1)

 

ИНЦИДЕНЦА

Инциденцата на планоцелуларниот карцином на главата и на вратот во Европската

Унија е 34.6/100000 годишно, а морталитетот е 13.7/100000 годишно. Повеќе од

90% од карциномите на главата и на вратот се планоцелуларни карциноми.

 

ДИЈАГНОЗА

Патолошката дијагноза треба да биде поставена согласно со класификацијата на

Светската Здравствена Организација (СЗО), и тоа по хируршко земање на биопсија.

 

СТАДИУМИ И ПРОЦЕНКА НА РИЗИК

Рутинско одредување на стадиумите вклучува: физикален преглед, ендоскопски

испитувања на главата и вратот и КТ-скен на главата и вратот. Торакален КТ-скен

може да биде вклучен за откривање на метастази. Рутинска езофагоскопија и

бронхоскопија не се препорачуваат.

 

ТРЕТМАН

Во сите случаи треба да се примени мултидисциплинарен третман. Нутритивниот

статус на пациентот треба да се коригира и да се одржува. Индицирана е дентална

рехабилитација пред да се примени радиотерапијата.

Тумори што можат да се ресецираат

  • Третманот зависи од локацијата на примарниот тумор и неговата големина.

Стандардна процедура е хируршка ексцизија со постоперативна радиотерапија

(стадиум I и II) или хемотерапија (стадиум III,IV-A).

  • Адјувантната хеморадиотерапија по хируршката интервенција со лекови чијашто

основа е платина го продолжува периодот на ремисија, а го продолжува и животот,

во споредба само со постоперативната радиотерапија.

  • Неоадјувантната хемотерапија не покажала ефект во однос на продолжување на периодот на ремисија и продолжување на животот на пациентот.

Тумори кај кои не може да се изврши ресекција

  • Кај пациенти кај кои не е можна ресекција на туморот, се препорачува хеморадиотерапија, истовремено или како алтернатива. Овој начин на лекување е

супериорен во однос на радиотерапијата применета сама и тоа во однос на добивањето одговор, одржувањето на ремисија и продолжување на животот, но со поголема цена на чинење и токсичност.

  • Кај пациенти што се во лоша општа состојба треба да се размисли за примена на

стандардна радиотерапија.

  • Лекови чијашто основа е платина се стандардна хемотерапија при конкомитантната хеморадиотерапија . Во голем број испитувања, индукциска хемотерапија следена со радиотерапија или хируршка интервенција не покажала дополнителна корист во однос на радиотерапијата применета сама.

 

Тумори со локални, регионални и други метастази

Кај најголем број пациенти што имаат регионални или други метастази, палијативната хемотерапија е стандарден третман. Треба да се размисли за давање на methotrexate еднаш неделно како стандарден третман. Иако комбинираната хемотерапија (cisplantin, 5-флуороурацил или таксан) дава повисок процент на одговор отколку само methotrexate, не е констатирана корист во однос на времето на преживување.

 

СЛЕДЕЊЕ

Оптималниот пристап за следење на пациентите со планоцелуларен карцином на

главата и на вратот по третманот е контроверзен. Главна цел на следењето е рано откривање на локални и регионални метастази и на секундарен примарен тумор,

кој потенцијално може да се лекува.

Резултатите од физикалниот преглед ги детерминираат натамошните испитувања

како што се: КТ-скен, MRI, ултрасонографија и ендоскопски прегледи со биопсија.

Евалуација на тироидната функција кај пациенти што примале радиотерапија на

вратот се препорачува да се врши на секоја прва, втора и петта година.

Сите препораки во однос на радиотерапијата и хемотерапијата се однесуваат на

сите локализации освен ако не е поинаку изнесено.