Предиспонирачки  причини за развој на малигниот меланом се најчесто животната средина и генетските причини. Факторот на животната средина се јавува после прекумерно изложување на сонце. Постојат исто така и генетски фамилијарни синдроми. Подеднакво, и ултравиолетовото зрачење, и оштетувањето од  кислородните слободни  радикали предизвикани од изложувањето на сонцето, може да ги оштетат  клетките, особено нивната ДНК. Се смета дека ова оштетување е вклучено во предизвикувањето на мутации  кои што резултираат со развојот на малигниот меланом. Позитивна фамилијарна историја на еден или двајца роднини од прв степен кои имале меланом го зголемува  ризикот за појава на овој малигнитет врз генетска основа. Оваа фамилијарна тенденција е забележана кај 8% до 12% од пациентите. Постои еден синдром познат како диспластичен (атипичен) невус синдром кој се карактеризира со атипични бемки со одредени клинички карактеристики кај деца под 10 годишна возраст. Ваквите индивидуи треба да бидат следени внимателно во однос на развојот на малигниот меланом.

Бројот на бемки го зголемува ризикот, но потребно е да се разгледува големината на бемките. Доколку постојат десет големи бемки над 1 cm има поголем ризик отколку оние со поголем број (50-99) помали бемки.  Кога детето е родено со големи, вродени бемки, потребно е внимателно набљудување на промената поради зголемениот ризик. Промени кои што се значајни во бемката се:

• Асиметрија

• Гранична неправилност

• Боја на бемката

• Дијаметар поголем од 6 mm

ABCDE_Melanoma

Три од критериумите се однесуваат на варијабилноста на лезијата (бојата на бемката се однесува на деловите со светла боја и темна боја расфрлени во рамките на бемката). Така мала, воедначена регуларна лезија има помалку причини за загриженост. Тоа е важно да се свати дека промената на бемките или брзиот развојот на нови се многу важни симптоми.

Други значајни промени во бемката се оценуваат според Глазгов 7 скалата. Симптомите и знаците подолу наведени може да настанат било каде на кожата, вклучувајќи ги дланките, стапалата и базата на ноктите:

• промени во големината

• промени во обликот

• промена во бојата

• воспаление

• крусти и крварење

• сетилни промени

• дијаметар над 7 мм

 

Во оваа шема, променете се нагласени, заедно со големината. Крварењето и сетилните промени се релативно доцни симптоми. Симптоми поврзани со присуството на регионална болест, се однесуваат на присуството на јазли или грутки во областите на лимфните јазли. Исто така постојат и посебен вид на метастази што се случуваат регионално при малигниот меланом, познати како транзит метастази. Ако меланомот се шири низ лимфниот систем, резултира со чвор помеѓу примарното место и оригиналниот лимфен јазол. Кај пациентите кои што се дијагностицирани со широко распространета системска болест, симптомите и знаците се поврзани со органите кои што се зафатени. Тука спаѓаат невролошките проблеми, белодробните проблеми, проблемите на хепарот и во зависност од зафатеноста на органот со метастазата.