Рак на дојка

Ракот на дојката претставува абнормален раст и неконтролирана делба на клетките во дојките. Овие малигни клетки на ракот формираат маси (тумори), кои ги напаѓаат и уништуваат околните здрави ткива. Клетките на ракот кои се двојат од туморот имаат способност да се шират преку циркулацијата и лимфниот систем од градите до далечните делови на телото, да напаѓаат други ткива и да формираат нови тумори. Овој процес се нарекува метастазирање. Доколку метастазите не се контролираат, ракот на дојката може да резултира со смрт.

Опис
Градате на жената е составена од групи на клетки (жлезди) кои, кога се поттикнати од соодветните хормони, лачат млеко во мрежа од мали цевки (канали) кои го собираат млекото и го носат истото до брадавката. Дојката, исто така, содржи масно ткиво, лимфни и крвни садови. Ракот на дојката најчесто почнува во клетките по должината на каналите (дуктален рак). Групи на жлезди во ткивото на градите се викаат лобули. Ракот, исто така, може да почне во лобулите (лобуларен рак) и многу поретко во другите ткива на дојката. 
Во зависност од тоа каде во дојките започнува ракот, болеста развива одредени карактеристики кои се користат за класифицирање на ракот на дојката во подтипови. Позначајната класификација на болеста е поврзана со стадиумот на туморот или способноста да инвадира и да се шири, со што оваа карактеристика ја дефинира болеста како вистински рак. Стадиумот пред инвазивен рак се вика in situ карцином, што значи 
дека на почетокот малигнитетот се наоѓа на едно место и сеуште не се шири.

Примарниот тумор почнува во дојките, но кога ќе стане инвазивен, клетките на ракот може да се движат надвор од дојките во регионалните лимфни јазли. Клетките од туморот, исто така, се откинуваат и патуваат низ лимфниот систем и крвните садови во другите делови на телото каде што формираат нови тумори. Овој процес се нарекува метастазирање.

Во дојките, примарните лимфни јазли се наоѓаат под пазувите или аксилата. Вообичаено, примарниот тумор, кој почнува во дојката прво се шири на регионалните лимфни јазли под раката. Клетките на ракот, исто така, може да ги зафатат крвните садови на нивното место на потекло. Кога клетките на ракот ќе влезат во крвните садови, циркулаторниот систем го обезбедува патот за ракот да се прошири во далечните делови на телото. 
Ракот на дојката се стреми да ја следи оваа прогресија, иако тој често е широко распространет во почетокот на болеста.

Со време може да се почувствува грутка во градите, често 1 cm во дијаметар и содржи околу еден милион клетки. Проценките покажуваат дека се потребни од 1 до 5 години за туморот да се развие на оваа големина. За тоа време, клетките на ракот може да се шират во другите делови на телото. Најчести места за далечно ширење на ракот на дојката се белите дробови, коските, црниот дроб, кожата и меките ткива. Бројот на регионални лимфни јазли кои содржат клетки на ракот останува единствениот најсигурен показател за тоа дали ракот широко метастазирал. Бидејќи тестовите за откривање на метастазите во другите органи не се доволно сензитивни за да се откријат малите тумори, евалуацијата на аксиларните јазли за регионални метастази е најважно во донесувањето одлуки околу третманот на секој даден случај. Ако ракот на дојката се шири на другите големи органи на телото, со своето присуство ќе ја доведе во прашање функцијата на тие органи. Компромитирано функционирање на виталните органи може да предизвика смрт.

Секоја жена е изложена на ризик за добивање рак на дојка. Ако таа доживее 85 години има еден од осум (12%) шанси дека таа ќе развие рак на дојка во некој период во текот на нејзиниот живот. Како што жената старее, нејзиниот ризик од развој на рак на дојка се зголемува драматично без оглед на нејзината семејна историја. Ризикот од рак на дојка на 25-годишна жена е само една жена од 19.600; на 45 години, тој е една жена од 93. Помалку од 5% од случаите се откриени пред жената да наполни 35 години и мнозинството од вкупниот број на ракови на дојка се наоѓа кај жените над 50-годишна возраст. Околу 40.000 жени умираат од рак на дојка секоја година. Повеќе случаи на рак на дојката се дијагностицираат поради зголемената употреба на скрининг мамограми, меѓутоа, смртните случаи од рак на дојка се во опаѓање поради тоа што болеста се дијагностицира во рани, повеќе излечливи фази.

Причини и симптоми
Сите ракови се смета дека се јавуваат поради мали промени (мутации) во гените. Мутации кои предизвикуваат рак на дојка немаат една единствена причина. Генетски и еколошки фактори, како и начинот на живот играат улога во добивањето на рак на дојка.

Ризик фактори вклучуваат:
возраст. 80% од ракот на дојката се наоѓа кај жени над 50-годишна возраст.
фамилијарна историја на рак на дојка кај мајка или сестра.
– поседување на BRCA1 и BRCA2 гени. Жените со овие гени опфаќаат 5 до 10% од случаите на рак на дојката и имаат 80% шанси за развој на рак на дојка во некој период од животот.
– историја на абнормални биопсии на дојките од претходна историја на рак на дојка.
– добивање прва менструација пред 12 години или навлегување во менопауза по 55 години.
немање деца или добивање на првото дете по 30 годишна возраст.
– секојдневно консумирање два или повеќе алкохолни пијалаци.
дебелина и високомасна исхрана.
– изложеност на дојките на радијација (на пример, во третман на други типови на рак).
постменопаузална хормонска заместителна терапија (HRT) со комбинација на естроген / прогестерон лекови. Естрогенот сам по себе не го зголемува ризикот. Колку подолго жената користи HRT, толку повеќе го зголемува ризикот.

Покрај тоа, некои други аспекти од исхраната и начинот на живот во западните земји можат да бидат одговорни за повисоки стапки на рак на дојка во овие општества. На пример, ароматичните јаглеводороди во тутунот и некои јаглеводороди во многу готвеното месо може да делуваат како канцерогени. Нитратите кои се користат при конзервација на месо исто така се мисли дека се канцерогени. Доењето најмалку една година го намалува ризикот. Оваа активност што ја прават само мал процент од жените во индустријализираните земји, се чини дека има заштитен ефект против ракот на дојката. 
Иако многу фактори можат да го зголемат ризикот од развој на рак на дојка, некои жени со повеќе фактори на ризик не развиваат болест, а околу 70% од жените кои добиле рак на дојка не покажуваат фактори на ризик.

Сепак, доењето, повеќе од една година, со умерено вежбање, како што се одење 10 часа неделно, диета со малку заситени (животински) масти и многу овошје, зеленчук и цели зрна се покажа во неколку студии дека го намалува ризикот од развој на рак на дојка.

Промени во дојката, кои можат да укажуваат на рак на дојка и на кои треба да се обрати особено внимание од страна на лекарот вклучуваат:
-грутка или задебелување во градите или пазувите.
-промени во брадавката (задебелување, вовлекување, крварење или исцедок).
-избраздена или зацрвенета кожа на дојката.
-промена во големината на градите или формата.
-абнормалност на мамограм.

Секој јазол најден во градите не е рак. Фиброцистични промени во дојката се многу чести. Фиброцистична состојба на дојката е водечка причина за неканцерозни грутки во градите. Фиброцистични промени, исто така, може да предизвикаат болка, оток и исцедок од брадавката. Неканцерозните (бенигни) грутки може да бидат цврсти или исполнети со течност. Знаците и симптомите на фиброцистичните промени се поклопуваат со оние на ракот на дојката. Целосна дијагностичка проценка на сите значајни абнормалности на дојката е од суштинско значење за да се направи разлика помеѓу фиброцистичните промени и ракот на дојката. Одредени бенигни промени во дојката, исто така, може да бидат поврзани со зголемениот ризик за рак на дојка.

Дијагноза
Сите жени се охрабруваат да прават редовни, месечни само-прегледи на дојките, што вклучува да се почувствува во градите било ненормални грутки или болка. Лекарот, исто така, треба да ги испита градите на жената за време на рутински прегледи и за време на редовните гинеколошки испитувања. Повеќе од 90% од сите случаи на рак на дојка се откриваат од страна на скрининг со мамограм. Мамограмот е неинвазивно, во мали дози x-зрачење кое произведува дводимензионална слика на дојката. Тестот не предизвикува долготрајни болки, иако жената накратко може да се почувствува непријатно поради тоа што нејзините гради мора да бидат компресирани за да се произведе соодветна рендгенска снимка.

Американското здружение за рак препорачува годишни мамограми за сите жени над 40 годишна возраст. Жени со висок ризик за рак на дојка може да започнат да прават мамограми на помала возраст. Мамографијата е корисна за откривање на рак на дојка кој е премногу мал за да биде идентификуван на физички преглед. Сепак, од 10 до 13% од раковите на дојката не се откриваат со мамографија. Откривањето зависи делумно и од вештината на читањето на радиологот на рендгенската снимка.

Ако нешто неправилно е откриено на мамограм, како што се маси, значајни промени од поранешни мамограми, абнормалности и болести на кожата, или зголемување на лимфните јазли, дополнителни тестови може да се направат, вклучувајќи и повторени мамограми, магнетна резонанца (MRI) на дојката или ултразвук на дојките. Ниту една од овие методи не е инвазивна.

Ултразвукот на дојките може да помогне да се направи разлика помеѓу циста исполнета со течност и солидна маса. Ако сликите потврдуваат дека солидна грутка е присутна, биопсијата може да се направи за конечна дијагноза.

Биопсијата на дојката е отстранување на ткивото на дојката за испитување на абнормални клетки од страна на патолог. Во зависност од ситуацијата, разни видови на биопсија можат да се вршат. При инцизионата тенко-иглена биопсија, тенка игла се вметнува во абнормалната област на дојката и клетки од областа се вшмукуваат во игла. Тие потоа се подготвени за микроскопско испитување. Тенко-иглени биопсии се брзи процедури направено под локална анестезија. Основната (core) иглена биопсија е инцизиона биопсија исто така направена под локална анестезија, користејќи поголема игла. При ексцизиона биопсија или лумпектомија, целата област на грутката и дел од околното ткиво се отстранува за испитување.

Откако ќе се утврди дијагнозата и пред третманот да започне се прават повеќе тестови за да се утврди дали ракот се проширил надвор од дојката. Овие тестови вклучуваат рендгенска снимка на градите, проверка на крвта и функционални тестови на црниот дроб. Заедно со функцијата на црниот дроб се мери нивото на алкална фосфатаза во крвта, ензим од коските. Радионуклеарно скенирање на коските може да се направи. Овој тест се прави на местата во телото на кои ракот на дојката најчесто метастазира. Компјутеризирано томографско (CT) скенирање исто така може да се направи. Лекарот ќе направи внимателно испитување на лимфните јазли под пазувите (аксиларни лимфни јазли) за да се процени веројатноста за регионални метастази. Понекогаш лекарот ќе ги отстрани сите аксиларни лимфни јазли за да се процени степенот на рак на дојката. 
Со користењето на резултатите од овие истражувања, стадиумот на рак е дефиниран, кој помага да се воспостави протокол за тетман и прогноза.

Официјално стејџирање е направено со помош на системот TNM. Овој систем ги зема во предвид големината на туморот и колку се има развиено (Т), дали ракот се проширил на лимфните јазли (N) и дали има метастази (М) во оддалечените места во телото.
– Стадиум I. Ракот не е поголем од 2 cm и не се наоѓаат клетки на ракот во лимфните јазли.
– Стадиум II. Ракот не е поголем од 2 cm и се шири во лимфните јазли или е поголем од 2 cm, но не се шири во лимфните јазли.
– Стадиум IIIa. Туморот е поголем од 5 cm и се шири во лимфните јазли или е помал од 5 cm, но се шири во лимфните јазли, кои враснуваат едни во други.
– Стадиум IIIB. Ракот се проширил на ткивата во близина на дојката или на лимфните јазли во внатрешноста на ѕидот на градниот кош, по должината на градната коска.
– Стадиум IV. Ракот се проширил на кожата и лимфните јазли во близина на клучната коска или на други органи на телото.

Прогноза
Засегнатоста на лимфните јазли е еден од најдобрите показатели за стапкате на преживување на ракот на дојката. Десет годишната стапка на преживување кај жените без зафатеност на лимфните јазли е 65 до 80%. Ако 1 до 3 јазли се вклучени, десет годишната стапка на преживување е 35 до 65%. Ако повеќе од четири јазли содржат рак, десет годишната стапка на преживување е 13 до 24%. Други фактори како што се големината на туморот и тоа дали ракот е осетлив на биотерапеутици исто така влијаат на стапката на преживување.

Операцијата на ракот на дојката физички добро е толерирана од страна на пациентот, особено оние кои се во процес на минимална хирургија во пазувата. Повеќето пациенти можат да се вратат во нормален живот во рок од еден месец или приближно по операцијата. Вежбите може да му помогнат на пациентот да ја поврати силата и флексибилноста.

Околу 5-7% од пациентите подложени на комплетна ресекција на аксиларните лимфни јазли како дел од нивната терапија, може да развијат клинички значаен лимфедем или оток во раката на засегнатата страна. Ако се појави, издигнување на високо и масажа на раката може да биде потребна да се применува наизменично. Иако обично не е сериозна, оваа компликација може да интерферира со комплетното физичко закрепнување. Инциденцата на лимфедем е помала со помала аксиларна хирургија. Ова е причината за ентузијазмот за “јазол чувар“ биопсија како хируршка процедура во пазувата при стејџирањето.

Честа е појавата после третманот на ракот на дојката пациентките да се депресивни или со променлив карактер, да плачат, да го губат апетитот или да се чувствуваат недостојни или помалку заинтересирани за сексуални односи. Дојката е вклучена во идентитетот на жената и губење на истата може да биде вознемирувачки. За некои пациентки, советување или групи за поддршка можат да помогнат.