Карциномот на јајници е еден од честите малигнитети кој се јавува кај жената. Иако методите за лекување значително напреднале, сеуште е висок процентот на смртните исходи, особено кај жените кај кои карциномот е откриен во понапредни стадиуми. Кај карциномот на јајници кој ќе се открие во рана фаза, исходот од третманот е значително подобар, со поголем процент на преживување.
Симптомите на карциномот на јајници вклучуваат:
- Подуеност и/или чувство на притисок во стомакот
- Болка во стомакот или карлицата
- Брза појава на ситост во текот на оброкот
- Често уринирање (мокрење)
Сите овие симптоми можат да постојат и кај некои други инаку безопасни проблеми. Затоа, доколку постојат вакви симптоми, неопходно е да се спроведат натамошни испитувања, за да се утврди вистинската причина.
Стадиуми на развојот на карциномот на јајници:
I стадиум: карциномот ги зафатил едниот или двата јајника, но не дошло до ширење надвор од ткивото на јајникот
II стадиум: карциномот се проширил на матката или околните органи со кои се јаајниците во близок контакт
III стадиум: карциномот се проширил и во лимфните јазли
IV стадиум: во овој стадиум постојат и далечни метастази во органите надвор од малата карлица (најчесто белите дробови или црниот дроб.
Успешноста на лекувањето на карциномот на јајници зависи од видот на карциномот, стадиумот на развој и општата состојба на пациентката. Раното откривање на карциномот, додека е тој локализиран само во ткивото на јајникот, дава најдобри прогностички шанси за успешно лекување. Сепак, покрај сите до сега познати методи на лекување, процентот на смртноста е значително висок.
O коментари