Акутната миелоична леукемија е една од најчестите акутни леукемии кај возрасните. Акутната миелоична леукемија е болест кај која, во крвта или коксената срцевина се наоѓаат незрели, абнормални миелоидни бластоцити. Од миелоидните бластоцити се развиваат црвените крвни зрнца, крвните плочки и некои видови на бели крвни зрнца.

Незрелите малигни лимфоцити се насобираат во лимфните ткива и предизвикуваат оток на зафатените ткива.

Коскената срцевина е сунѓересто ткиво во внатрешноста на големите коски во телото.
АМЛ се јавува кога ќе се натрупа голем број на незрели мијелоидни клетки во крвта.
Овој тип на леукемија може да се јави кај децата и адолесцентите, но обично се јавува кај возрасните.

Пациентот, поради намалениот број на нормални крвни клетки, станува склон кон крварење и развој на инфекции.

Малигните клетки можат, исто така, да продрат во другите органи, во `рбетниот мозок и централниот нервен систем.

Постојат неколку подврски на АМЛ. Овие подврсти се направени врз основа на тоа колку се зрели малигните клетки за време на поставувањето на дијагнозата, и колку се тие разликуваат по изглед во однос на здравите клетки.

Со овој вид на леукемија се зафатени, најчесто, гранулоцитите. Гранулоцитите циркулираат во крвта и имаат функција е да ги бараат инфективните агенси во крвта и во околното ткиво.

Појавата на АМЛ може да биде поврзана со претходна примена на хемотерапија или радиотерапија.

Кај повеќето случаи на АМЛ непостои некоја јасна причина за нејзино јавување. Сепак, се смета дека зрачењето, некои отрови како што е бензенот, како и некои хемотераписки лекови допринесуваат во развојот на леукемијата.

Можни фактори на ризик за акутната миелоична леукемија се:
• машки пол,
• пушачи, посебно на возраст над 60 години,
• претходно лекување со хемотерапија и/или зрачење,
• изложеност на зрачење, дејство на хемиски канцерогени материи (бензен, формалдехид, пестициди, инсектициди и други загадувања на околината),
• абнормалности на хромозомите, на пример Даунов синдром,
• пореметувања на крвта, како на пример миелодисплатичен синдром.

Од леукемија заболуваат 6 од 100 000 луѓе.

Раните симптоми на АМЛ се слични со симптомите на настинка или грип, па затоа за точна дијагноза потребно е да се консултира лекар.

Симптомите се јавуваат како последица на намалувањето на нормалнато создавање на крвни клетки.

Намалениот број на гранулоцити во крвта може да предизвика чести и сериозни бактериски и габични инфекции.

Тромбоцитопенијата – намален број на крвни плочки во крвтаможе да доведе до спонтани крварења. Така чести се: точкести крварења во кожата, модрици по кожата, крварење од слузниците, неправилни менструални циклуси.

Поретко се јавува крв во мочката и крварење во дигестивниот тракт.

Во почетниот стадиум на болеста, обично не е зафатен нервниот систем, но доколку покасно во текот на болеста дојде до зафатеност на мозокот и `рбетниот мозок, може да дојде до појава на главоболки, повраќање, раздразливост.

Кај акутната миелоична леукемија ретко доаѓа до зголемување на црниот дроб и слезенката.