1. Карцином

Клетките во организмот имаат различни фунцкии. Нормалните  клетки  растат,  се  делат  и  се  организирани на  соодветен  начин. Со тек на време, клетките умираат и континуирано  се  заменуваат  со  нови  клетки.  Но  понекогаш  контролните  механизми  на  телото  затајуваат  и  по пат  на  неконтролирано  растење и размножување  се  создава  маса  на  клетки  која  се  нарекува  карцином. Карциномот е општ збор за група на клетки кои неконтролирано растат.

     2. Белодробен карцином

Постојат  два  типа  на  белодробен  карцином:

  • Ситно клеточен белодробен карцином
  • Не-ситно клеточен белодробен карцином

Најчест е не-ситно клеточниот  белодробен  карцином (НСКБК)  и  опфаќа 75% од  сите  белодробни  карциноми.

    3. Главни типови на НСКБК

Има три главни типа на НСКБК:

  1. Аденокарцином (вклучително и  бронхоалвеоларен  карцином)
  2. Планоцелуларен карцином
  3. Крупноклеточен недиференциран карцином

    4. Ризик фактори на НСКБК

Науката сеуште не ја знае точната причина за НСКБК. Сепак одредени ризик фактори се поврзани со НСКБК. Подолу се наведени некои од познатите ризик фактори на НСКБК.

Пушење. Претставува главен ризи фактор на НСКБК. Но, непушачите исто така може да заболат од НСКБК.

Пасивно пушење. (престој во простории  каде  се  пуши). Ако живеете во домот заедно со  пушач, изложени сте на ризик од појава на НСКБК.

Надворешни фактори. Изложување на радон и азбест го зголемува ризикот, Загадувањето на воздухот и издувните гасови од течните горива, претставуваат ризик фактор за НСКБК.

Фамилијарна историја. Може да имате поголем ризик од појава на НСКБК ако член од вашата фамилија бил заболен од белодробен карцином.

     5. Каде може да настане и да се рашири НСКБК?

НСКБК започнува како мала група на канцер клетки внатре во белите дробови.

НСКБК може да се рашири по целото тело преку крвотокот и лимфните јазли.

Лимфните јазли се зрнести творби кои му помагаат на телото да се ослободи од микроорганизмите. Лимфните јазли ги филтрираат микроорганизмите носени од лимфната течност. На тој начин лимфните јазли помагаат во превенција на инфекција и болест. Ако лимфните јазли се зафатени со канцер клетки тие може да преминат и на други  органи (метастази). Лимфните јазли се првична бариера за канцер клетките. Обвивката на белите дробови и градната празнина (плевра) може да биде зафатена со канцер клетки, кои можат директно да преминат во крвните садови и нервите кои одат  кон раката.

Аденокарцином (вклучително и бронхоалвеоларен карцином ), најчест тип кај  непушачи и жени. Карциномот најчесто се наоѓа во периферијата на белодробниот паренхим. Аденокарциномот може да ја зафати  и  плеврата,  при што  се  создава  течност  во  градната  празнина.  Овој тип на НСКБК рано се шири (метастазира) на другите  органи  во  организмот.

Планоцелуларен карцином. Најчесто е поврзан со пушењето.  Овој тумор потекнува  од  слузницата  која  ги  обвиткува  бронхиите. Кашлањето  крв  може  да  биде  јасен  знак  за  планоцелуларен  карцином.

Крупноклеточен недиференциран  карцином. Редок тип на НСКБК. Туморот расте брзо и брзо се шири. Туморите се најчесто со големина над 3,8 сантиметри, во моментот на поставување на дијагнозата.

Линкот од првиот дел “ДА СЕ ЖИВЕЕ СО БЕЛОДРОБЕН КАРЦИНОМ” тука