Лимфомот е рак на лимфниот систем, кој е дел од имунолошкот систем. Постојат многу типови на лимфом, но главно тој се дели на Хочкинов лимфом и Не-Хочкинов лимфом. 
Не-Хочкиновиот лимфом се развива кога белите крвни зрнца – лимфоцитите ќе станат абнормални. Тие неконтролирано и повторувачки растат и се размножуваат, а кога треба да изумрат тие остануваат живи во циркулацијата. Вака променетите лимфоцити се насобираат во лимфните јазли кои потоа отекуваат. Болеста може да се јави кај сите возрасти, но почесто кај возрасните. Од неа може да заболат припадниците на двата пола, но почесто се јавува кај припадниците на машкиот пол. Најчести симптоми на Не-Хочкиновиот лимфом се зголемени лимфни јазли на вратот, пазувите или во слабините, губење на телесната тежина, покачена телесна температура, обилно ноќно потење, кашлица, отежнато дишење и болка во градите, слабост и изнемоштеност, постојано чешање по телото и отеченост или чувство на надуеност во стомакот.

Лимфом е многу сложен рак на лимфните клетки, петти најголем малигнитет на светот и еден од оние зачестеност е во пораст Постојат два основни типа, Хочкин и Не- Хочкин лимфом и некаде околу 45 подтипови на овие лимфоми.

Денес постојат современи тераписки опции, со кои ако болеста се открие навреме, може да биде излекуван. За жал, Лимфомот многу често се открива во подминат стадиум бидејќи има специфични симптоми.

Поткашлување и главоболки
Најчести симптоми на Лимфомот се изнемоштеност, ноќно потење, малку зголемена температура, губење здив, зголемени лимфни жлезди кои не болат (најчесто на врат, под пазувите и на препоните ), постојано поткашлување, главоболка, необрасниво губење на тежина без диета, чешање и нафрлано цело тело.

И додека раниот скрининг има удел во превенцијата на многу видови рак, причините и факторите на ризик за појава на Лимфом воглавно остануваат непознати, па свеста за значите и симптомите на болеста се приоритет за рано откивање на лимфомот.

Што треба да се знае за јазлите ?
– Лимфните јазли се мали органи со облик на гравче кои имаат задача да ја филтрираат лимфната течност и лимфоцитите, а со тоа да ги трга бактериите, вирусите и останатите непожелни супцтанции.
– Лимфоцитите се тип на бели крвни клетки кои помагаат во борбатана организмот против разни инфекции.
– Од главата па до петите во човечкиот организам постојат околу 600 лимфни јазлии стратешки се лоцирани близу местата каде влегуваат бактериите во организмот.
– Некои лимфни јазни може да се почувствуваат, како оние на препоните, под пазувите и на вратот, кои за разлика од оние во стомакот, карлицата и на градниот кош.
– Лимфните јазли се во организмот се распоредени симетрично, како слика во огледало.
– Кога се борат со некоја инфекција лимгните јазли отекуваат и се болни.
– Лимфниот ситем наликува на дрво со многу гранки, коои се нарекуваат лимфни садови и низ кои тече безбојна течност наречена лимфа.
– Лимфниот систем е мрежа од лимфни садови и лимфни јазли и органи, дел од имунолошкиот систем на организмот игра главна улога во одбраната од инфекции и разни тумори.
– Малигната болест на лимфниот систем е Лимфома. Постојат два основни типа, Хочкин и Не- Хочкин лимфом.

Лимфомите се група на карциноми во кои клетките на лимфниот систем стануваат абнормални и почнуваат неконтролирано да растат.

Има два главни вида на лимфоцити:
Т клетки
Б клетки

Малигните лимфоми се создаваат од овие клетки. Почест тип кај возрасните се Б клеточните лимфоми, додека кај децата Т и Б клеточните лимфоми се речиси исто застапени. Лимфомите се делат на два главни типа: Хочкин (ХЛ) и Не-Хочкин лимфоми (НХЛ).

Не-Хочкин лимфомите се составени од околу 10 подтипови и 20 различни ентитети на болеста. Поделбата е врз основа на тоа дали лимфомот е со низок градус (напредува полека) или висок градус (напредува брзо). НХЛ, исто така, се групирани според клеточниот тип на Б-клеточен или Т-клеточен тип.

Најголемиот број на лимфомите се јавуваат во лимфните јазли, а околу 20 отсто се јавуваат во други органи, како на пример белите дробови, црниот дроб или гастроинтестиналниот тракт. Кога лимфомите ќе се создадат, малигните лимфоцити се размножуваат неконтролирано и не ги извршуваат своите нормални функции што влијае врз способноста на телото да се бори против инфекции.

Малигните клетки може да ја окупираат коскената срцевина и во зависност од степенот, да го спречат создавањето на нормалните црвенте и белите крвни клетки и тромбоцитите.

Причини за појава на лимфом
Точната причина за лимфомите е непозната. Во принцип, мажите се изложени на поголем ризик од жените, а ризикот се зголемува со возраста. Лимфомите може да се јават во која било возраст, иако поголемиот дел од овие лимфоми се случуваат кај луѓе на возраст од 15-34 години и над 60-годишна возраст. Во зависност од специфичниот тип, лимфомот може да ги има сите карактеристики на ракот: брзо размножување на клетките, абнормални клеточни типови, губење на нормалната распределба на клетките и инвазивна способност. Покрај тоа, голем број на лимфоми се значително зголемени во последните години, многу од нив се должат на епидемијата на СИДА (од причини кои се уште се слабо разбрани, заболените од СИДА имаат повисока веројатност за развој на не-Хочкин лимфоми). Луѓето изложени на пестициди и на јонизирачко зрачење имаат повисоки од просечните шанси да се разболат од оваа болест. Луѓето кои страдаат од имунодефицитарни нарушувања, како и оние кои биле третирани со имуносупресивни лекови при трансплантација на срцето или бубрезите и состојби како што се ревматоидниот артрит и автоимуните болести, се изложени на зголемен ризик за оваа болест. Некои истражувања покажаале слаба асоцијација помеѓу ретровирусите и некои ретки форми на лимфом.

Симптоми
Симптомите на лимфомот се често нејасни и неспецифични. Пациентите може да почувствуваат губење на апетитот, губење на тежината, гадење, повраќање, абдоминална непријатност и пробелми со варењето. Пациентот може да се жали на чувство на преполнетост, што е резултат на зголемени лимфни јазли во абдоменот. Притисок или болка во долниот дел на грбот е уште еден симптом. Во напредна фаза, пациентот може да има болки во коските, главоболка, постојана кашлица, ненормален притисок и застој во лицето, вратот и горниот дел од градите. Некои може да имаат трески и ноќно потење. Во повеќето случаи, пациентите одат на лекар поради присуството на отечени жлезди на вратот, пазувите или препоните. Бидејќи сите симптоми се заеднички за многу други болести, од суштинско значење е да се побара медицинска помош ако некој од симптомите трае две недели или повеќе. Само искусен лекар може правилно да дијагностицира дали симптомите се должат на лимфом или некоја друга болест. Хочкиновиот лимфом обично почнува во лимфните јазли. Јазолот се зголемува и слично на зголемени лимфни јазли поради заразни причинители, може или не мора да предизвикува болка. Хочкиновиот лимфом напредува на прилично предвидлив начин, патувајќи од една група на лимфни јазли на друга, освен ако не се третира. Понапреднати случаи на Хочкинов лимфом ја вклучуваат слезината, црниот дроб и коскената срцевина. Карактеристиките и прогнозата на пациентите со Хочкинова болест и не-Хочкинов лимфом е (НХЛ) значително се разликуваат.

Дијагноза
Како и сите видови на рак, лимфомите најдобро се третираат кога ќе се откријат на почетокот. Сепак, тие често тешко се дијагностицираат. Не постојат скрининг тестови на располагање и бидејќи симптомите се неспецифични, лимфомите ретко се препознаваат во раните фази. Откривањето често се јавува случајно при рутински физички преглед. Кога докторот се сомнева на лимфом, темелно се врши физикалниот преглед и комплетна медицинска историја се зема. Зголемени црниот дроб, слезината или лимфните јазли може да сугерираат лимфоми. Крвните тестови ќе го утврдат бројот на крвните клетки и се добива информација за тоа како функционираат органите, како што се бубрезите и црниот дроб. Биопсијата на зголемените лимфни јазли е дефинитивен начин да се дијагностицира лимфом. Лекарот може исто така да изврши биопсија на коскената срж. Во текот на оваа постапка, цилиндричен дел од коската најчесто од колкот . Примерокот се испраќа во лабораторија за испитување. Биопсии исто така може да се повторат во текот на лекувањето за да се види како лимфомот реагира на терапија.

Третман
Не-Хочкин лимфомот е опасн по живот болест и точно дијагностицирање и соодветен третман со хирургија, хемотерапија, или зрачење се од клучно значење за контролирањето на болеста. Третмански опции за лимфомите зависат од типот на лимфом и неговиот степен. Во повеќето случаи третманот се состои од хемотерапија, радиотерапија или комбинација од двете. Хемотерапијата се користи за да ги уништи клетките на ракот. Кај Не-Хочкин лимфомите комбинираната терапија, која користи неколку лекови, е поефикасна одколку употребата само на еден лек. Третманот обично трае околу шест месеци, но во некои случаи може да биде долг и до година. Ако клетките на ракот дошле до централниот нервен систем, тогаш хемотерапевтски лекови може да се инсталираат преку игла во мозокот или вратот, во течноста што го опкружува мозокот.

Третман – Трансплантација на коскена срцевина
Терапија со зрачење, каде што високо-енергетски извори на јонизирачки зраци се насочени кон одредени делови од телото, како горниот дел на градите, стомакот, карлицата или вратот, често се користи за третман на лимфом. Терапија со надворешно зрачење со која зраците се насочени од извор надвор од телото, е најчестиот начин на терапија со зрачење. Трансплантација на коскена срцевина се тестира како опција на третман кога лимфомите не реагираат на конвенционалната терапија или кога пациентот има релапс или има повторувачки лимфоми. Постојат неколку начини два начини на вршење на трансплантација на коскената срцевина. Во постапката наречена алогена трансплантација на коскена срцевина, срцевината на дарителот мора да одговара на онаа на пациентот. Донорот може да биде близнак (најдобро совпаѓање), брат/сестра или без крвно сродство. Големи дози на хемотерапија или зрачна терапијата се дава за да се искорени лимфомот. Коскената срцевина на донорот се дава за да ја замени сржта уништена од страна на терапијата. При автологна трансплантација на коскена срцевина дел од сопствената срцевина на пациентот се собира, хемиски се прочистува и се замрзнува. Високи дози на хемотерапија и радиотерапија се спроведува.Коскената срцевина, која била собрана, пречистена и замрзната потоа се одмрзнува и се враќа во телото на пациентот за да се замени уништената срж.

Нова опција за пациенти со лимфом е периферна трансплантација на матични клетки. Во овој третман, матичните клетки (незрели клетки, од кои сите крвни зрнца се развиваат), кои нормално циркулираат во крвта се собираат, се третираат за отстранување на клетките на ракот и потоа се враќаат кај пациентот во процесот наречен леукофереза. Истражувачите откриваат дали овие клетки може да се користат за да се врати нормалното функционирање и развој на крвните клетки, наместо да се користи трансплантација на коскената срж.

Хочкиновата болест е една од најмногу излекуваните форми на рак. Тековните третмани се доста ефикасни, особено со рана дијагноза. Како и сите видови на рак, прогнозата за пациентите со лимфом зависи од стадиумот на ракот, возраста на пациентот и општата здравствена состојба. Кога сите различни видови и стадиуми на лимфом се земат во обзир заедно, само 50 отсто од пациентите преживуваат пет години или повеќе после иницијалната дијагноза. Тоа е затоа што некои видови на лимфом се поагресивни од другите типови. Стапката на преживување кај децата е дефинитивно подобра отколку кај постарите луѓе. Околу 90 отсто од децата дијагностицирани во ран стадиум на болеста преживуваат пет години или повеќе, а само 60-70 отсто од возрасните дијагностицирани со слабо диференцирани лимфоми преживуваат пет години или повеќе. Стапката на преживување кај децата со понапредна фаза е околу 75-85 отсто, додека кај возрасните е 40-60 отсто.