Ризик факторите кои го зголемуваат ризикот од рак на дојка се :
– Женски пол. Жените имаат поголем ризик од карцином на дојки за разлика од мажите.
– Возраст. Со текот на годините се зголемува и ризикот од ова заболување. Ракот на дојка се јавува кај жените над 50 години, додека поретко се јавува кај жени под 35 години.
– Лична медицинска историја со рак на дојка. Ако некоја имала карцином на едната дојка,оголема е веројатноста карциномот да се развие и на другата дојка.
– Семејна историја. Доколку мајката, сестрата или на ќерката ѝ бил дијагностициран карцином на дојка, особено на рана возраст, тогаш ризикот од ова заболување се зголемува. Но, кај повеќето од жените кај кои е дијагностициран рак на дојка немаат семејна историја на заболувањето.
– Наследни гени. Најчестите генетски мутации се BRCA1 и BRCA2. Овие гени можат значително да го зголемат ризикот од карцином на дојка и други карциноми.
– Изложеност на радијација. Доколку сте имале радиотерапија во пределот на градите како дете, се зголемува ризикот од појава на карцином на дојка.
– Дебелина. Дебелината го зголемува ризикот од појава на карцином на дојка.
– Рано влегување во менструален период. Влегувањето во овој период пред 12 годишна возраст го зголемува ризикот од рак. Колку порано жената првпат добила менструација на пример пред 12-годишна возраст толку подоцна таа влегува во менопауза на пример на 55 години и ризикот од карцином на дојката е повисок. Се смета дека користењето апчиња за контрацепција го зголемува ризикот од карцином на дојка.
– Доцна менопауза. Ако менопауза е на постари години, ризикот од појава на карцином на дојка е зголемен.
– Прво породување. Жените кои се породиле со првото дете по 35 години имаат зголемен ризик од рак на дојка.
– Никогаш не сте биле бремени. Жените кои никогаш не биле бремени се под поголем ризик од оние што родиле барем еднаш или двапати.
– Постменопаузална хормонска терапија. Жените кои земаат хормонска терапија со комбинација од естроген и проестроген за ублажување на симптомите од менопаузата имаат зголемен ризик од појава на карцином на дојка.
– Пиење алкохол.
O коментари