Цервикалниот карцином може да биде излекуван доколку се открие навреме.

Најчеста причина за овој тип карцином е инфекцијата со Хуман папилома вирусот (ХПВ). Одредени типови на ХПВ вируси се одговорни за брзото проширување на карциномот. Иако знаците на цервикалниот канцер не се толку очигледни, сепак треба да ги следите сите промени кои може да биде предзнак на болеста. Разговарајте со вашиот гинеколог доколку ги забележите.

Слабокрвност
Како резултат на обилни крвавења кои се јавуваат кај овој карцином, можна  е појава на анемија. Доколку се чувствувате изморено, а вашето срцебиење се забрзува и при нормално оптоварување, може да значи дека сте слабокрвни.

Невообичаен исцедок
При проширувањето на канцерот во внатрешноста на грлото на матката, клетките од ѕидот на матката почнуваат да се распаѓаат при што се создава воденикава течност.
Појавата на генитални брадавици во внатрешноста или надворешноста на вагината се јавуваат при ХПВ инфекција која ги зголемува шансите да се развие карцином на грлото на матката.
Запомнете, мора да ја дознаете причината за секое крвавење кое се јавува надвор од менструалниот циклус.

Зголемениот цервикс прави притисок на мочниот меур и бубрезите со што доаѓа до отежнато истекување на урината. Како резултат на тоа, доаѓа до отежнато мокрење, болки или појава на уринарни инфекции.

Зголемениот цервикс како резултат на ширењето на канцерозните клетки ги притиска и внатрешните органи и крвни садови. Како резултат на тоа доаѓа до отежната циркулација,која предизвикува болки во нозете и појава на отоци на зглобовите на нозете.