Ракот на дебелото црево е болест на индустриски развиениот западен свет. Високиот социоекономски стандард, како и типичниот западен стил на живеење, исхрана, животни навики и активности, се причините за се поголемата честота на јавување на ракот на дебелото црево која поприма епидемиски размери

Популација со највисок ризик за развој на карцином на дебелото црево се лица до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или рак на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот, особено оние со податок за полипи или рак на дебелото црево во првото или второто колено, вклучувајќи и полусестра или полубрат

Zагрижувачко е што симптомите се јавуваат кога карциномот е во напредната фаза од болеста, а во раната фаза нема клинички знаци. Понекогаш може да се појават: малаксаност, губење на апетитот, губење на телесната тежина и замор, но овие симптоми не се специфични. Типични тегоби за рак на дебелото црево се промените во ритамот на празнењето, запек и, наизменично, пролив, болки во левата половина на стомакот и над срамната коска во форма на грчеви. Се јавува чувство на недоволна испразнетост, па се јавува потреба од повторно празнење. Ако карциномот е локализиран во долните делови на дебелото црево, се појавува светлоцрвена крв во изметот, понекогаш и во поголемо количество. Лабораториски најчесто се детектира слабокрвност со недостиг на железо и позитивни туморски маркери ( СЕА и СА 19-9 ).

-Ракот на дебелото црево е болест на индустриски развиениот западен свет. Високиот социоекономски стандард, како и типичниот западен стил на живеење, исхрана, животни навики и активности, се причините за се поголемата честота на јавување на ракот на дебелото црево која поприма епидемиски размери.

Честотата на појава на нови случаи рак на дебело црево е 4 – 6 пати поголема во споредба со Африка, во западниот свет изнесува 25 – 35 нови случаи годишно на 100.000 жители, а во Африка тој број изнесува 3 – 4. Во некои региони на Франција, Италија, Австрија и на САД, бројот на новооткриени случаи е 45 – 48 на 100.000 жители годишно. Според податоците на Светската здравствена организација, во светот од рак на дебело црево годишно умираат 1.000.000 луѓе.

Ракот на дебелото црево е трета причина за смрт од малигни болести кај мажите и четврта кај жените. Популација со највисок ризик за развој на карцином на дебелото црево се лица до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или рак на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот, особено оние со податок за полипи или рак на дебелото црево во првото или второто колено, вклучувајќи и полусестра или полубрат. Овие пациенти имаат наследни генетски промени, кои доведуваат до појава на полипи и карцином на колонот. Ризици за карцином на дебелото црево се стилот на живеење и исхрана, физичката активност, возраста, како и наследниот фактор. Врз возраста и наследниот фактор не можеме да влијаеме, но може да го превенираме овој вид карцином доколку ги смениме ризик факторите кои се поврзани со стилот на живеење. Се препорачуваат следните принципи на исхрана, животен стил и физичка активност:

* Намалување на внесот на црвено месо (јагнешко, свинско, говедско) на еднаш неделно. Се препорачува црвеното месо да се замени со риба, месо од живина или дивеч.
* Намалување на внес на животински масти.
* Внесување најмалку 20 грама влакнеста храна во текот на денот, во форма на зеленчук и овошје (брокула, мешункасти растенија, карфиол, лук, кромид, праз, зелени и други салати, како и сите видови сезонско овошје). Овој вид храна е богат со антиоксиданси (витамин А, Ц, Д, калциум, магнезиум, селен, бетакаротин) кои ги инхибираат тоскичните материи.
* Употреба на црн леб или интегрални жита.
* Редукција на телесната тежина под 26 кг на квадратен метар индекс на телесна маса.
* Внес на алкохол во умерени количини и апстиненција од тутун.
* Зголемена дневна физичка активност, најмалку 30 до 45 минути брзо одење дневно.
* Користење природни сокови и течност, најмалку 30 милилитри на килограм телесна тежина на ден.
* Учество во јавни или во индивидуални скрининг програми за рано откривање на полипи или карцином на дебелото црево.
*Првата колоноскопија кај лица без ризик да се направи на возраст меѓу 50 и 59 години.

Основата за развој на карцином на дебелото црево се полипите на дебелото црево. За да се создаде од нормална лигавица полип на дебелото црево, потребни се околу десет години. Секој може да развие полип или карцином на дебелото црево, но некои имаат повисок степен на ризик од другите. Тоа зависи од наследните и од индивидуалните фактори.

Во почетокот полипите се бенигни, но со тек на време добиваат потенцијал да се претворат во малигни. Само 10% од полипите на дебелото црево имаат наследен фактор на раст, додека 90% настануваат со стимулација на локални фактори од цревната содржина, и се јавуваат по педесетта година на животот. Полипите кои имаат наследен фактор се јавуваат до 50-тата година од животот и се развиваат во рак кај 100% од случаите, доколку не се отстранат ендскопски или хируршки.