Алое Вера (Aloe Barbadensis Müler) или т.н. „билка на бесмртноста”, „извор на младоста”, „растение за прва помош” или „медицинска билка” – се повеќе го свртува вниманието на научниците ширум светот со својата неверојатна богата содржина, хранливост и избалансираност на микрохранливите материи како и со зачудувачката исцелителска моќ.

Aloe Vera содржи многу животно важни аминокиселини кои се потребни за раст и развивање на ткивата, ензими, минерали-калциум, железо, магнезиум, манган, натриум, бакар, цинк, калиум, алуминиум, витамини-А, Б1, Б2, Б6, Б12, Ц, Е, фолна киселина, холин, инозитол и ниацин.

Алое Вера се добива од органски одгледувано Алое, со што двојно е зголемена концентрацијата на активните полисахариди-биолошки активни материи кои ги обезбедуваат многуте лековити и антиинфламаторни квалитети на Алое Вера.

Дејства:

– Имуностимулаторно – ја јакне отпорноста на организмот;

– Детоксифицирачко – го чисти организмот од токсични материи и разни видови хемиски супстанци;

– Антиоксидативно, антигабично, антивирусно, бактерицидно, аналгетско, лаксативно – ја регулира столицата и сл.;

– Помага при многу инфективни, ревматски, белодробни, крвни, нервни, бенигни и малигни заболувања;

– Помага во сите заболувања на гастроинтестиналниот тракт (цревни паразити, чиреви, колитис, кронова болест, хемороиди), проблеми со црниот дроб – како што е цироза и хепатит, инфекции на бубрезите, уринарни инфекции, астма, проблеми со простатата и др.;

– Алое Вера исто така е од голема помош за пациенти со канцер вклучувајки го и канцерот на белите дробови – делува на активирањето на белите крвни клетки и го забрзува растот на здравите клетки. Националниот Институт во САД го препорачува Алое Вера како препарат во борба против канцерогените заболувања. Полисахаридите кои ги содржи ова растение (како што е ацемананот) спаѓаат во многу делотворна имуно-стимулативна група кој ја подобрува работата на Т- лимфоцитите, со што го зајакнува имуниот систем.