Фактори за зголемување на релативниот ризикза повеќеод 4 пати
• Возраст (повеќе од 65 години, наспроти помалку од 65 години, иако ризикот се зголемува со сите возрасти се до 80 години)
• Атипична хиперплазија потврдена со биопсија
• Одредени наследни генетски мутации за рак на дојка (BRCA1 и / или BRCA2)
• Mамографски “густи“ гради
• Лична историја за рак на дојка
Фактори за зголемување на релативниот ризикод 2.1 до 4 пати
• Високи ендогени нивоа на естроген или тестостерон
• Висока густина на коските (постменопаузална)
• Високи дози на зрачење на градите
• Двајца роднини од прв степен со рак на дојка
Фактори за зголемување на релативниот ризикод 1.1 до 2 пати
• Консумирање алкохол
• Ашкеназиски Евреи
• Рана менарха (помалку од 12 години)
• Висина (високи жени)
• Висок социоекономски статус
• Доцна возраст при првата целосна (до крај) бременост (над 30 години)
• Доцна менопауза (над 55 години)
• Никогаш не доела дете
• Нецелоцни, до крај бремености
• Дебелина (постменопаузална) / добивање телесна тежина како возрасна
• Еден роднина од прв степен со рак на дојка
• Лични историјата за рак на ендометриум, јајник или дебелото црево
• Скорешна и долгорочна употреба на менопаузална хормонска терапија која содржи естроген и прогестин
• Скорешна орална контрацепција
O коментари