По операција на дојка, без разлика дали е во прашање мастектомија или операција со поштедување на ткивото, на жените често им е неопходно повторно да го прифатат своето тело и да постигнат баланс од надвор и одвнатре. ДА се облече тесна маица, подлабоко деколте или вечерен фустан, нешта кои некогаш се подразбирале самите по себе, сега мораат да се доживеат повторно. Амоена е со вас  и во вашата борба за постигнување на нова хармонија од внатре и од надвор. Вашето внатрешно чувство на снага и самодоверба зрачи со харизма и сила која се гледа од надвор.

Совршени контури со помош на самолепливите брадавици

Благoдарение на новите самолепливи брадавици изработени од супер мек силикон, можете да уживате во својата женственост и по операцијата на дојка. Они перфектно се прилепуваат на вашата дојка или на силиконската протеза и  го нагласуваат природниот изглед на дојката до детали.

Постои избор на две големини и три нијанси.

Изедначување на градите со Баланс колекцијата- симетрија која подарува самодоверба.

Кај видливите разлики во големината на градите многу жени се чувствуваат не сигурно – нивната самодоверба е намалена. Парцијалните силиконски  додатоци можат да помогнат да ја донесат во хармонија вашата силуета, а со тоа и вашата внатрешна рамнотежа. Кај асиметрија на дојки, која може да настане природно, по операција на дојка со зачувување на ткивото или по реконструкција на дојка, Амоена ги нуди Баланс силиконските додатоци со различни облици, големини и дебелини. Анатомски обликуваниот силикон перфектно се прилепува на природното ткиво- сигурноста и доброто чувство се загарантирани, дури и при носење на тесно припиена облека или костуми за капење.

Изедначување на дојката со помош на Баланс контакт додатокот.