Ниту прелесна, ниту претешка

Идеалната протеза изедначува
Идеалната градна протеза треба со својата тежина, облик, цврстина и подвижност да одговара на природната дојка. Со помош на соодветен ортопедски градник повторно се воспоставува визуелен и физички баланс помеѓу двете страни, со што се овозможува добро чувство и убав изглед, сигурност и слобода во движењето.

Цел- телесна симетрија и пријатно чувство
Функцијата на градната протеза е да го изедначи недостатокот на тежина на оперираната страна и физички да ја избалансира телесната симетрија. Тежината на градната протеза треба да одговара на тежината на оперираната дојка. Кога жената ја чувствува својата градна протеза неудобна или претешка, причината за тoа е неадекватна протеза, а често и несоодветен градник.

Единствено соодветната тежина, облик и форма на протеза во комбинација со оптимално функционален градник и го обезбедува на пациентката саканото природно чувство и баланс. Често во специјализираните продавници се случува пациентката да побара лесна протеза. Оваа протеза секако дека е најдобриот избор за жените кои имаат поголеми дојки или проблем со лимфедема, меѓутоа не и за останатите. Прелесната протеза бега нагоре и може да придонесе до погрешно држење на телото.

Воопшто, кога градната протеза е прелесна или претешка, се губи чувството на удобност, слободата на движењето е ограничена.

Перфекција во дует-протеза и градник
Со иделната градна протеза на пациентките им е неопходен и идеален градник. Доколку градникот е функционален, протезата помалку се чувствува, а нејзината тежина воспоставува природен баланс. Дури и најдобрата градна протеза во комбинација со несоодветен градник не може да ја покаже својата функционалност.

Протеза со правилно одбрана тежина ќе се чувствува претешка доколку не сте одбрале градник кој ќе ви даде соодветна поддршка и заштита. Функцијата на ортопедскиот градник не е само да ја формира силуетата, туку превзема главна функција- колку поголема е поддршката на градникот толку помалку се чувствува протезата. Идеалниот специјален градник е удобен за носење, одговара на обeмот на градите и има соодветна длабочина на корпите. За неговите комфорт и функционалност придонесуваат широките прерамки, кои се поставени и совршено обработени, како и високо кроеното деколте кое е прилагодено на големината на протезата и зајакнато, така да и при наведнување, градникот не ја влече протезата.

Индивидуално советување- концепт за успех
За да одберете соодветна градна протеза и ортопедски градник потребно е да издвоите време. За да пробате повеќе комбинации и да дојдете до правиот избор, неопходни се време, мир и дискреција. Во продавницата за ортопедски помагала, специјално едуцираната асистентка на продажба ќе ви укаже на индивидуалните карактеристики на поединачните протези и градници и ќе ви помогне при изборот. Доколку пробувате повеќе варијанти на протези и специјални градници, со сигурност ќе можете да забележите која комбинација е идеална за вас.

Важно: Не се срамете да поставувате прашања. Активно учествувајте во изборот. Овде сте вие на прво место. Се работи за вашето здравје! Најпродаваниот модел можеби не е правото решение за вас. Изборот е ваш, ние сме тука да ви помогнеме и да направиме ова катче да биде место каде што повторно ќе дојдете со полна доверба.

Се надеваме дека овој едукативен текст ќе ви помогне во изборот на вистинската градна протеза.

Тимот на Медикус Хелп