Историјат

Уште далеку назад во историјата на човекот му е познато носењето на периките. Старите Египјани ги носеле за да ги заштитат своите избричени глави од сонцето. Подоцна, носењето на перики принципиелно припаѓа на западниот стил на облекување . Во одреден период од историјата периката означувала и класна припадност, професионално обележје, социјален ранг. Периките се користат и во светот на филмот, тетарот, телевизијата.

За првпат во 16 от век периката почнала да се носи како компензација за изгубената коса.

Периките денес

Денес периките се носат од две основни причини, естетски и медицински.

Зошто естетски причини? Косата претставува украс на човековата глава. Не на сите луѓе природата им подарила квалитетна и убава коса. Некои луѓе ги краси густа, бујна и квалитетна коса која лесно се обликува, а многумина мака мачат за да постигнат пристоен изглед. Носењето на перика во овој случај овозможува постојано да изгледате средено, модерно, како штотуку да сте го напуштиле фризерскиот салон, а со тоа и да имате поголема самодоверба.

Зошто од медицински причини? Многу чест проблем представува опаѓањето на косата заради разни здравствени проблеми ( кожна болест, алопеција и др.). Посебен проблем е и временото опаѓање на косата предизвикано од примање на хемотерапија. Во овие случаи носењето на периката е компензација за изгубената коса и значајно влијае на психичката сосотојба на луѓето со наведените проблеми.

 

       

 

Видови перики

Индустријата за производство на перики го има развиено до совршенство процесот на производство на истите, па така денес за среќа, на пазарот постои голем избор на модели. Самите перики можат да бидат изработени рачно или машински, од природно или вештачко влакно. Предноста на периките изработени од вештачко влакно е во тоа што се изработени од тестирани материјали и можноста од предизвикување на алергиски и други кожни реакции речиси и не постои. Поради специфично изработената внатрешност овозможуваат идеална вентилација на кожата на главата.

Каде може да се набават?

Во продажните салони на Медикус Хелп можете да најдете голем избор на медицински и естески перики. Ги има во преку 40 модели, бои, должини и видови фризури, а достапни се и средства за одржување на периките, нивно обликување и чување, со што се продолжува векот на истите.