Наод на грутка во Вашите гради значи дека имате рак на дојка.

Само мал процент на грутки во дојката испаѓаат дека се рак. Но, ако откриете постојана грутка во Вашите гради или забележите било какви промени во ткивото на градите, тоа никогаш не треба да се игнорира. Многу е важно да посетите лекар за клинички преглед на градите. Тој може да нареди имиџинг испитувања на градите (радиодијагностика) за да се утврди дали оваа грутка е предмет на интерес или не.

Преземете контролата врз Вашето здравје со вршење на рутински самопреглед на градите, воспоставување на постојана комуникација со Вашиот лекар, добивање годишен клинички преглед на градите и закажување на Вашите рутински скрининг мамограми.

Мажите не можат да добијат рак на дојка; тоа ги погодува само жените.

Напротив, секоја година се проценува дека околу 2.190 луѓе ќе бидат дијагностицирани со рак на дојка и 410 ќе умрат во Америка. Иако овој процент е сеуште мал, мажите, исто така, треба да се проверат периодично со правење на самопреглед на градите, додека се тушираат и да ги известат нивните лекари за евентуални промени.

Ракот на дојка кај мажите обично се открива како цврста грутка под брадавицата или ареолата (пределот околу брадавицата). Мажите носат повисок морталитет од жените, првенствено поради тоа што свеста кај мажите е помала и тие со помала веројатност ќе претпостават дека грутката е всушност рак на дојка, што може да доведе до одложување на барањето на третман.

Мамограмот може да предизвика ширење на ракот на дојката.

Мамограмот или x-зраците на градите, во моментов останува златен стандард за рано откривање на ракот на дојката. Компресија на градите додека се добива мамограм не може да предизвика ширење на ракот. Според National Cancer Institute, “Придобивките од мамографијата, сепак, речиси секогаш ги надминуваат потенцијалните штети од изложеност на радијација. Мамограмите бараат многу мали дози на зрачење. Ризикот од штета од оваа изложеност на радијација е исклучително низок.”

Стандардна препорака е годишен мамографски преглед за жените со почеток во 40 годишна возраст. Базирајте ја Вашата одлука по препорака на Вашиот лекар и бидете сигурни да дискутирате за сите преостанати прашања или проблеми кои може да ги имате со Вашиот лекар.

Ако имате семејна историја на рак на дојка, веројатно и Вие ќе развиете рак на дојка, исто така.

Додека жените кои имаат семејна историја на рак на дојка се во група со поголем ризик, повеќето жени кои имаат рак на дојка немаат фамилијарна историја. Статистички само околу 10% од лицата дијагностицирани со рак на дојка имаат семејна историја за оваа болест.

Ако имате прв степен роднина со рак на дојка: Ако имате мајка, ќерка или сестра која развила рак на дојка на возраст под 50 години, треба да се разгледа некоја форма на редовна имиџинг дијагностика на градите почнувајќи 10 години пред возраста кога била дијагностицирана Вашата роднина.
Ако имате втор степен роднина со рак на дојка: Ако сте имале баба или тетка, кои се дијагностицирани со рак на дојка, ризикот се зголемува малку, но тоа не е во иста категорија на ризик како и оние кои имаат прв степен роднина со рак на дојка.
Ако имате повеќе генерации дијагностицирани со рак на дојка на истата страна на семејството или ако постојат неколку лица кои се роднини од прв степен еден на друг или неколку членови на семејството дијагностицирани под 50-годишна возраст, веројатноста се зголемува дека постои ген за рак на дојка кој придонесува за причината на оваа фамилијарна историја.

Ракот на дојката е заразен.

Вие не може да “фатите“ рак на дојка или да го пренесете на некој друг. Ракот на дојката е резултат на неконтролиран клеточен раст од мутирани клетки кои почнуваат да се шират во другите ткива во градите. Сепак, можете да го намалите ризикот со вежбање, здрав начин на живот, да бидете свесни за факторите на ризик и да го следите планот за рано откривање, така што ракот ќе се дијагностицира рано доколку истиот се случи.

Ако генетска мутација BRCA1 или BRCA2 е откриена во Вашата ДНК, Вие дефинитивно ќе развиете рак на дојка.

Според National Cancer Institute, во врска со семејствата кои се познати дека носат BRCA1 или BRCA2 гени, “не секоја жена во такви семејства носи штетни BRCA1 или BRCA2 мутација, а не секој рак кај ваквите семејства е поврзан со штетна мутација во еден од овие гени. Исто така, не секоја жена која има штетна BRCA1 или BRCA2 мутација ќе развие рак на дојка и / или јајници. Но, жената која ги наследила штетните мутации во BRCA1 или BRCA2 гените има пет пати поголеми шанси да развие рак на дојка отколку жена која нема таква мутација. “За луѓето кои откриле дека имаат штетни мутации, постојат различни проактивни мерки кои може да се направат за да се намали ризикот. Тие вклучуваат земање на хормонална терапија наречена Тамоксифен или доколку се одлучат, хируршки превентивен пристап кој подразбира билатерална профилактичка мастектомија (отстранување на двете гради), обично со нивна реконструкција. Повеќето жени исто така можат да ги отстранат јајниците и јајцеводите, бидејќи не постои сигурен скрининг тест за раните фази на развој на рак на јајник.

Антиперспирантите и дезодорансите предизвикуваат рак на дојка.

Истражувачите од National Cancer Institute (NCI) не се свесни за какви било докази за поврзување на употреба на антиперспиранти или дезодоранси за пазувите и последователен развој на рак на дојка.

Превземено од National Cancer Institute.