Специјализираниот кадар во продавницата за ортопедски помагала е вистински извор на информации за вашите опции по операцијата. Исто така и жените кои го поминале истиот пат, можат да ви помогнат да стигнете до правата информација. Тие ќе ви објаснат што се можете да очекувате кога бирате градна протеза и кој е најдобриот избор за вас.

Еве неколку примери на често поставувани прашања:

Имав поштедна операција на дојка (одстранет ми е дел) и градникот веќе не ми прилега идеално. Дали постои градна протеза со која можам да ја изедначам мојата фигура?

Amoena Balance протезите се идеално решение за жените кои се соочуваат со асиметрија по поштедни операции на дојката, реконструкција или повеќекратни биопсии.

Зошто треба да пробувам пред да изберам градна протеза или градник?

Вработените во специјализираните продавници за ортопедски помагала се едуцирани и сертифицирани да ви помогнат да ја изберете идеалната форма на градна протеза и градник, кои ќе одговараат на вашите индивидуални потреби.


Дали носењето на градна протеза ќе ги ограничи моите активности?

Воопшто нема. Можете да ги извршувате непречено сите ваши активности. Можете да бирате повеќе типови на градни протези, стандардна, полесна, или пак самолеплива протеза доколку сте поактивни во текот на денот, а воедно и за поголема модна слобода, протеза за пливање и др.

Како да бидам сигурна дека лесните протези се правилен избор за мене?

За многу жени кои се активни или пак имаат поголеми гради, полесните градни протези се идеални. Жените со дополнителни здравствени проблеми како артритис, лимфедема или остеопороза исто така имаат голем бенефит од носењето на полесни градни протези. Тежината на лесната градна протеза е за 28% помала од тежината на стандардната.

Дали можам да ја носам градната протеза додека пливам?

Да, можете да ги носите сите градни протези додека пливатево базен, море или топли бањи. Од својата палета на производи Амоена ја препорачува и Amoena Swimform протезата за пливање.

Како да ја чистам мојата градна протеза?

Епителни клетки како и кожни масти може да навлезат во горниот слој на протезата и да го намалат нејзиниот век на траење. Протезата треба да ја чистите секојдневно со благо средство како што е Amoena Soft Cleanser, или пак друго неутрално средство и задолжително да ја чувате во оригиналната кутија.

Тимот на Медикус Хелп