Kажи ја вистината со љубов

By Dr. Linda Miles

Таа имаше 34 кога и беше дијагностициран рак на дојка, има 2 деца од претходниот брак и прекрасен сопруг со кого е во брак 1 година. Како да каже дека е потребно да се направи мастектомија кога тие двајца сеуште не биле на меден месец??

Првата реакција на нејзиниот сопруг беше – Не грижи се драга, ќе го решиме проблемот, ќе побараме второ мислење! Но, за жал и второто мислење само го потврди првото. Потребно беше да се направи операција.

Не поминаа два месеца после операцијата , а партнерските односи веќе добија нова димензија и тек. Таа чувствуваше огромен срам, од себе, од него, а чувстуваше и страв дека тој никогаш повеќе нема да сака да биде интимен со неа. Тој чувствуваше жал, грижа и уверување дека на сопругата и е потребен простор да се среди. Но никој на глас не проговори што всушност чувстува и сака. Така во таа ситуација секој си стана свет за себе!

Ова е само еден пример кој отсликува стотина еднакви ситуации, прашањето кое треба да се постави е дали понатаму ке се побара професионална помош или ке се остави времето и тишината да си го направат своето.

Во горенаведениот случај партнерите се решиле да побараат стручна помош од психотерапевт, кој работел и имал искуство со двојки, кои поминувале низ цел тој процес и третман.

Тие двајца се решија да го редефинираат проблемот, да се погледнат в очи, да се соочат со реалноста и во понатамошната борба да настапуваат како тим. Тоа им даде шанса да го продлабочат својот брак, да ги преиспитаат своите обврски еден кон друг. Како? Терапевтот ги научи да бидат искрени еден кон друг и да  си ја кажуваат вистината со љубов!

Одамна е кажано – Вистинските пријатели се покажуваат во време на проблеми! Така таа веќе се чувствуваше подобро, кога реши да прими помош и поддршка од пријателите, покрај таа од својот партнер. Добар пријател од блиската црква и даде надеж, кажувајки и една метафора која гласеше – Господ не прави ништо лошо – додека се смееја заедно таа доби нова перцепција за себе. По неколку недели, позитивното расположение дојде само по себе, природно.

Во контекст на ова, многу парови, кога се однесуваат како тим, многу подобро го поминуваат цел процес од моментот на дијагностицирање , лекување, терапија.

Но, постојат многу партнери, а за жал се побројни, кои уште во самиот старт одлучуваат сами да го изодат тешкиот пат. Недавањето поддршка и неприфаќањето на дијагнозата, не секогаш ја прави сопругот, постојат и многу ситуации кога жената одлучува и смета дека може сама да помине низ се. Тогаш, таа тотално се изолира и не дава никој да влезе во нејзиниот свет. И во двата случаја исходот е ист – се прави дистанцирање и затворање во свој свет, што води до нарушување на дотогашните хармонични партнерски релации.

Во случаите кога жената ќе реши да се изолира, најчесто постои неприфаќање на реалноста, самообвинување и напаѓање на себе. Таа најчесто за себе мисли дека е казнета поради нешто, во нејзината глава се вртат милиони прашања без одговори, се губи женственоста, сексулноста. Сево ова се рефлектира на партнерот, кој најчесто не успева да допре до неа.

Многу истражувања укажуваат на проблеми во комуникацијата помеѓу партнерите. Еден начин да се надмине овој проблем е партнерите да бидат заедно во целиот процес уште од самиот почеток, искрено и храбро. Заедно да истражуваат, да ги разгледаат можностите и опциите.