Постојат повеќе избори кога станува збор за реконструкција на дојка. Најверојатно најважното прашање кое треба да се постави е: Дали реконструкцијата на дојка е правиот избор за Вас? За десетици илјади жени кои го победиле карциномот на дојка одговорот е да.

Денеска, повеќето жени кои имале мастектомија се погодни кандидати за реконструкција на дојка. По мастектомијата жените бираат да направат реконструкција на дојка од повеќе причини. Некои од нив не се чувствуваат целосно или женствено. Други пак не сакаат да се посветат на секојдневните обврски кои постојат кога се носи надворешна градна протеза. За многу жени реконструкцијата на дојка е добар начин да  се осетат подобро во врска со себе и да започнат нов почеток во животот.

За оние жени кои сакаат да направат реконструкција на дојка достапни се нови процедури кои можат да се направат побрзо и полесно, а при тоа носат и одлични резултати.

Погодно време за реконструкција на дојка

Реконструкцијата на дојка може да биде направена во исто време кога и мастектомијата. Овој метод се нарекува примарна реконструкција. Покрај ваквиот метод постои и одложена реконструкција која може да се направи неколку недели, месеци или години по мастектомијата. Базирано на Вашата лична состојба, Вие и Вашиот доктор можете да изберете кој метод е најдобар за Вас.

Примарна реконструкција

Предноста на методот на примарна реконструкција е што Вашата дојка ке биде реконструирана во исто време со мастектомијата. Така да Вие ќе имате само една операција и само еден период на заздравување. Ова значи дека со ова ќе можете во потполност да го избегнете искуството на имање само една или ниту една дојка.

Одложена реконструкција

Предноста на методот на одложена реконструкција е тоа што Ви дава време најпрвин да се фокусирате на заздравување од карциномот и да ја повратите силата. Одложената реконструкција на дојка исто така Ви дава повеќе време да ги разгледате сите можности и да донесете добро информирана одлука за Вашата реконструкција на дојка.

Можности за реконструкција на дојка

Постојат повеќе начини за реконструкција на дојка. Методот кој ќе го изберете Вие и Вашиот доктор ќе биде базиран на следните фактори:

  • Вашите здравствени и животни навики
  • Типот на Вашето тело
  • Големината на Вашите дојки
  • Вашиот личен избор
  • Количината на зачувана кожа и ткиво

Реконструкцијата може да се изведе со користење на сопствено ткиво, со градни имплантанти или со комбинација на сопствено ткиво и граден имплантант. Дискутирајте со Вашиот доктор за да бидете способни да го направите правиот избор за Вас.

Реконструкција на дојка со имплантанти

Во тек на мастектомијата, хирургот ја отстранува кожата и ткивото на дојката, оставајќи го ткивото на градниот кош рамно и збиено. Пред поставувањето на трајниот имплантант, ткивото на градниот кош треба да се растегне за да се направи џеп за имплантантот. Истиот може да се направи во две фази или во една фаза.

Дво-фазна реконструкција на дојка

Двофазната градна реконструкција со имплантанти е многу популарна интервенција. Оваа интервенција може да биде направена за време на мастектомијата или после мастектомијата (одложена).

Процедура на интервенцијата

Привремениот граден ткивен експандер е поставен во градите. По одреден период,  Вашиот лекар постепено ќе го исполни експандерот со физилошки раствор (слично на солена вода). Во тек на овој процес, Вашата кожа постепено ќе се растегнува и развлекува, правејќи простор за имплантантот. Вашето тело постепено се прилагодува на растењето на имплантантот на ист начин како што телото на жената се прилагодува на постепеното растење на стомакот во тек на бременоста

Едно-фазна градна реконструкција

Ментор е една од ретките компании кои произведуваат градни имплантанти, кои се користат  едновремено и како ткивен експандер и како траен имплантант. Овие имплантанти се користат во едноактовна реконструкција на дојка. Оваа процедура е многу популарна меѓу докторите бидејќи сметаат дека за пациентите е подобро да имаат еден оперативен зафат за реконструкција на дојка, отколку два или повеќе.

       Процедура на интервенцијата

      Комбинацијата експандер имплантант се поставува на градниот кош за време на мастектомијата. Оваа протеза има мала тубичка за вбризгување и вбризгувачки отвор во близина на имплантантот. По период од неколку недели или месеци, физиолошкиот раствор се инјектира низ вбризгувачкиот отвор за да се експандира имплантантот и ткивото над имплантантот да се растегне. Кога посакуваната големина е постигната, тубата и отворот за вбризгување се одстрануваат  со едноставна хируршка процедура, а имплантантот останува на своето место.

Закрепнување од интервеницијата

Секоја жена закрепнува на различен начин.  Највероватно и Вие ќе почувствувате малку болка во тек на неколку дена по хируршката интервенција. Првите 24 до 72 часа по интервенцијата е периодот во кој ќе чуствувате најмногу непријатност. Вашите гради ќе бидат малку отечени и чувствителни. Иако рехабилитацијата на секоја жена е различна, би требало да можете да преземете лесни активности после една недела по интервенцијата.

Прашања за Вашиот хирург

1.Кои се моите можности за реконструкција на дојки?

2.Кои се можните ризици и компликации за секој тип интервенција за реконструкција на дојки?

3.Дали реконструкцијата на дојки може да биде истовремено со третманот на карциномот?

4.Колку време е потребно за комплетна реконструкција на дојки?

5.Кога ќе бидам во можност да ги продолжам вообичаените активности?

6.Колкаво е Вашето искуство со ваквите интервенции?

7.Дали имате фотографии со пред и по-оперативни примери кои би можела да ги видам?