Членовите на семејството и пријателите често се длабоко засегнати од промените во здравјето на нивните најблиски. Еве некои совети кои можат да им помогнат на семејството и пријателите да се справат со дијагностицираниот рак на некој близок:
- Слободно можете да му поставите на лекарот прашања ако го придружувате Вашиот најблизок на закажаниот преглед кај лекарот. Запишете си ги претходно прашањата, така да, не ги заборавите.
- Бидете подготвени за промени во однесувањето и расположението на Вашата сакана личност. Лековите, непријатностите и стресот може да предизвикаат некој со дијагноза рак да стане депресивен или лут.
- Поттикнување на Вашите сакани личности да бидат активни и независни, колку што е можно, за да им се помогне да им се врати чувството на самодоверба и доверба.
- Бидете реални за Вашите сопствени потреби. Спијте доволно, јадете правилно и одвојте си време само за себе. Тешко е да се понуди голема помош кога сте исцрпени.
- Немојте да се колебате да побарате помош од други членови на семејството и пријатели. Тие ќе ја ценат таа можност.
Членовите на семејството и пријателите на лицето кое се справува со ракот, исто така, може да се најдат под голема доза на стрес. Да се намали Вашиот стрес:
- Имајте позитивен став.
- Прифатете дека постојат настани на кои не можете да влијаете.
- Бидете наметливи наместо агресивни. “Насочете” ги Вашите чувства, мислења или убедувања наместо да станете лути, борбени или пасивни.
- Научете како да се релаксирате.
- Редовно вежбајте. Вашето тело може да се бори со стрес подобро кога сте во добра кондиција.
- Јадете добро избалансирани оброци.
- Одмор и спиење. На Вашето тело му треба време да се опорави од стресни настани.
- Не се потпирајте на алкохол или лекови за намалување на стресот.
- Размислете за приклучување на група за поддршка за да ги споделите Вашите искуства и да научите од другите. Тоа може да Ви помогне да се чувствувате како да не сте сами.
O коментари