Папајата во последните 20 години има се поголемо значење во превенцијата и терапијата на малигни заболувања, како дополнување на класичната медицина. Од сите егзотични овошја папајата содржи најмногу каротеноиди (лутеини, ликопен, бетакаротен…) и тоа дури 3,34 милиграми на 100 грама маса. Откриено е дека ликопенот делува против рак на црниот дроб , а заедо со другите каротиноиди ги прави клетките помлади, повитални и со подобро здравје. На ниивното присуство се препишува и способноста на папајата да го успори стареењето и да има антиоксидативно својство.Покрај каротеноиди плодот од недозреана папајата е богат и со ензими особено папаин,витамини, особено оние од групата А, Ц,различни амино киселини и тоа 19 аминокиселини од кои 8 се есенцијални па со право папајата се нарекува „ензимска“ и „витаминска бомба.  Папаинот, кој во растението папаја циркулира како бел сок или течност, не се наоѓа во презреаната папаја. Затоа папајата за да ги зачува своите состојки најдобро е да се консумира во  ферментиран облик. Најстарите податоци за користењето на папајата датираат од времето на старите народи. Герхард Лејболд, уредник на германскиот весник “Натурхеилен”, во своите книги кои се посветени на природните начини на лекување, ги опишува јужноамериканските Индијанци како со векови ги користеле листовите, плодот и семето на папајата при повреди, рани и појава на разни израстоци на кожата. Фасцинантните легенди на историски познатите истражувачи – Колумбо, Магелан, Марко Поло, Васко де Гама, исто така го потврдуваат позитивното дејство на папајата.  Поради тоа и самите ја нарекувале папајата златно дрво на животот или плод на долговечноста.

Денешните научни студии вршени во врвни медицински центри ширум светот како и многуте позитивни лични искуства на пациентите заболени од малигни болести, сведочат се повеќе дека ферментираната зрела – зелена папаја има  и антитуморското и антиканцерогеното својство.

Д-р Волф, основач на модерната ензимска терапија, смета дека во крвта на “онколошките” пациенти недостасуваат одредена група ензими, кои ја спречуваат појавата на ракот. Ако во организмот на таквите болни секојдневно се внесуваат доволно ензими како што е ензимот папаин од ферментираната папаја, состојбата на овие пациенти значително може да се подобри.

Папаинот како главен ензим, содејствува во разградбата на белковините, а со тоа и во создавањето на есенцијалните аминокиселини, меѓу кои е и аминокиселината – аргинин. Улогата на аргининот е да го активира антитуморскиот фактор (ТНФ), кој што ги запира делбата и растот на малигните клетки. Ензимот папаин има особина да ја зголеми и  активноста на макрофагот, т.е природните клетки-убијци, во борбата со клетките на ракот. Од друга страна  папаинот има протеолитичко дејство кое е од големо значење во разградбата на фибринот, особено во постоперативниот период и после радио и хемотерапија , кога производството на фибрин е зголемено поради заздравувањето на раната.  Ако малигната клетка преживее во таа битка после терапија, се прицврстува за здравата и се обвиткува со фибринска обвивка. Со таа обвивка клетката на ракот е маскирана па непрепознатлива за имунолошкиот систем почнува неконтролирано да расте. Затоа е неопходно да се земаат ензимски препарати од типот папаин во период по хируршки зафат и за време на радио и хемотерапија за да се постигне разградба на фибринот.

Според професорот Лик Монтањер, еден од од откривачите на Хив вирусот и Претседател на Светската Фондација за Истражувања и Превенција од СИДА, ферментираната папаја поседува исклучителни својства, кои се насочени кон стимулација на имунолошкиот систем и против оксидативниот стрес. Состојките од ферментираната папаја директно им се спротиставуваат на опасните слободни радикали во организмот, како што хидроксилот (најопасниот од сите слободни радикали). Дополнително, ја зајакнува активноста на природните антиоксидансни ензими во организмот, како што е супероксид дизмутазата (СОД) и глутатион пероксидазата. Слободните радикали се високо реактивни молекули кои имаат разорно дејство врз човечките клетки. Тие се создаваат во текот на многуте природни метаболитички процеси во организмот ,а може да навлезат во организмот и од надворешната средина и тоа  од изложеноста на издувни гасови од сообраќајот, чадот од цигарите и зрачењето, како и од користењето на пестициди во храната, пржена и преработена храна и алкохол. Кога слободните радикали ќе го нападнат вашиот организам од сите страни, клетките стануваат подложни на оштетување.

Според тоа папајата:

  • има антиоксидативно дејство
  • ја помага дигестијата на белковини-Имено папаинот е еден од најјаките протолитички ензими кој учествува во дигестијата на белковините, во кисела, базна и во неутрална средина .Кај лица со дигестивни проблеми каде што излачувањето на желудочна киселина е недоволно белковините само делумно се разложуваат па неразложените молекули од белковините како мукозни белковини се таложат  во меѓушуплините. Папаинот помага да  се спречи натрупувањето на овие заробени плазма-белковини.
  •  овозможува нормално функционирање на цревната флора -ги чисти дигестивните патишта од наталожените отровни материи,ги измива цревните ресички и ја нормализира Ph-вредноста во цревата
  • го зајакнува имунолошкиот систем-Ферментираната папаја го зголемува создавањето на хемиската состајка наречена интерлеукин кој се лачи од макрофагите. Макрофагите се бели крвни клетки кои ги убиваат микробите – носители на инфекции. Според тоа ферментираната папаја има благопријатно дејство при заштита од настинки, грип и други видови на инекции.
  • од белковините создава есенцијални аминокиселини како што е Аргинин кој предизвикува:ослободување на  хормоните за раст, правилна репродукцијата на ДНК И РНК, регенерација на црниот дроб, оптимален раст на мускулното и рскавично ткиво, го подобрува имунолошкиотѕ одговор кон бактерии, вируси и кон туморски клетки.
  • во третман на мускулни и ревматски заболувања
  • во екстрактите од листовите на папајата истражувачите пронашле особено важни материи, како што се карпаин и псеудокарпаин. Овие два алкалоида долго време се применуваат како природно средство за зајакнување на срцето, а во поново време и како природно средство за превенција на ракот.
  • како додаток во секојдневната исхрана, многу поволно дејствува и го подобрува квалитетот на животот и здравјето. Таа ги витализира клетките и делува врз нив како дожд врз сува земја. Оживувањето се чувствува после неколку дена: потребно е помалку сон, зголемена е духовната будност ,а расположение е подобрено.