Ве известуваме дека од 5 октомври (петок) 2012 година со почеток во 17 часот во просториите на Здружението Борка, ул.Стефан Јакимов Дедов бр.20, Скопје, продолжуваме со групите за психосоцијална помош и поддршка на заболените од рак. Групите како и изминативе 5 години ќе ги води М-р Лидија Зорба ( Зорба Консалтинг) и ќе се оддржуваат секој петок со почеток од 17 часот. Ве молиме доколку сте заинтересирани за присуство во групите да не известите на бесплатната СОС телефонска линија 0800 55 777 или на 3224 636 или на е-маил адресата info@borka.org.mk