Со отромна чест и задоволство сакаме да ве известиме дека спортските обложувалници Евротип како и Голд Слот клубовите донираа во нашето здружение како општествено одговорни компании кои се пријатели на „Борка“, а воедно ги препознаваат и поддржуваат работите кои нашето здружение ги прави. Оттаму велат дека донацијата била направена на 24.12.2019 година за време на предновогодишната забава во двете фирми кои традиционално ги оддржуваат секоја година.
Евротип спортските обложувалноци како и Голд Слот клубовите изјавија дека и понатаму ќе ја следат и поддржуваат нашата работа и ќе продолжат со вакви донации се со цел да им се помогне на оние на кои им е потребна нашата помош.
За возврат овие две компании добија и посебни благодарници од нашето здружение.