Почитувани,

Правото на ортопедско помагало вештачка дојка (силиконска) можат да го остварат сите  осигуреници според медицинските индикации наведени во Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала.

Во службен весник бр.151/2013 е објавена измената на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала кој стапи на сила на 12.11.2013 година. Согласно член 4 од оваа измена рокот за отропедско помагало вештачка дојка (силиконска) е намален од 24 месеци на 12 месеци.

Измената на важноста на рокот од 12 месеци за вештачка дојка (силиконска) се однесува на осигурениците кои правото ке го остварат по 12.11.2013 година. Рокот од 12 месеци  важи и за осигуреници кои го стекнале правото на ова помагало и во претходниот период, односно за сите осигуреници за кои е поминат период од 12 и повеќе месеци од користење на помагалото.

Соопштението е добиено од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Со почит, “Борка – за секој нов ден”