Здружението Борка – За секој нов ден, на 08 јуни 2013 година по петти пат ќе ја организира Кампањата за борба против рак на дојка, “Напред розово 2013 – чекори против ракот на дојка“, во соработка со Здружението Интегрити Алфа и Омега и Амбасадата на САД во Република Македонија.

Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи 3 километри низ центарот на Скопје ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

Ги повикуваме сите заинтересирани маркетинг агенции да испратат понуда за изработка на радио и/или видео реклама за медиумска промоција на настанот “Напред розово 2013 “ на info@borka.org.mk

 

 

napred-rozovo logo(5)